Уште не ви пуштиле за оброк? Пишав јас еднаш вие може многу да направите...ама пусто Македонче. Искрено со ваква младина арно ви е. Sorry but not sorry.
На студентите и сите засегнати на темава ни е ускратено правото да искажеме мислење па за во МОН или другите вклучени институции.Штрајк ќе биде крајно решение како што ми изгледа.
Тоа и го мислам масовен штрајк безразлика дали некој зема или не зема субвенциониран оброк. Вие сте голема гласачка маса и ако притискате ќе попуштат и онака им гори под нозе за фотељите. На луѓево веќе им прекипува.
Јас не сум студент,ама доколку има а треба да има штрајк ќе излезам и ќе ги подржам,па се гледа колку им гори под нозе се осети и овде на темава.Зошто не им се многу парите што им ги даваат на лица кои седат дома и земаат плата,а за студенски оброк 2400 денари се многу.Имало многу апликации,нека ги ангажираат тие од дома што земаат плата во една недела ќе се разгледаат апликаците.
Си ми извадила некои зборови од контекст. Никаде не сум спомнал дека вработените работат под притисок, туку дека со јавување нема да решиме ништо, и со самото тоа јавување го кочиме процесот. Како таа да работи кога некој денес и sвони по 20 пати на телефон и viber? Еве хипотетички, да речеме. Sвони некоја членка кај раководителите. Кажи ми што ќе добие таа плус, ако се јавува и им кука на вработените во МОН? А тие прегледуваат барање во меѓувреме. Ќе си покука некој/а , немам ова она и толку. Факт е дека Пари сигурно нема да добие, пред некој друг. Јас кажав кој е начинот. Кој нема друга работа, нека си sвони цел ден. А За тоа каде е проблемот неможе да знаеме. Не значи дека во МОН се партиски, а во УЈП и други институции не се. Факт е дека секаде ги има. И не значи дека ако се македонци работат, а ако се албанци никој не работи. И од двете страни има чуда. Бившиот премиер, за да создаде влада прими 10 партии, и сите тие бараат места во институции. Нормално е со тоа да имаме голем број на партиски кадри и полоша администрација и проблеми. Но тоа не значи дека цела институција не работи. Најтипичен пример е Централен регистар, пред неколку години бев да вадам документ. Една девојка се убива од работа, а еден до неа си се клати на столчето, воопшто незаинтересиран и и се качува на глава. Е тоа веќе е работа под притисок. Женава работеше дупло и повеќе, зашто некој до неа, наместо во лудница, го ставиле во централен регистар. Се изненадив ама тоа е. Таквите поединци не само што земаат плата, туку и сметаат на другите вработени кои професионално работат и повеќе од што треба. Ете тогаш го сфатив тоа, ако веќе некој таков мора да е вработен, подобро да седи дома и да зима плата, отколку да оди на работа. Затоа да бидеме реални, се согласувам со тебе дека системот не функционира како што треба. Но не заборавајте, дека луѓето да го оправаат системот ги бираме ние, и нашите родители. Нашите родители кога гласаат, бираат луѓе за да дојдат на функции нели? Колку од нашите родители одат уште во 8 саат сабајле, за да гласаат за вмро, сдсм за време на избори? Колку од членовите тука кои имаат 18+ години, гласаат и се удираат во гради за Левица? Кога нашите родители и ние ќе гласаме со памет, а не со инает тогаш ќе имаме и систем. Јас ќе почекам. Секако ако не добијам средства, а има штрајк, ќе се приклучам кон него. Не дека, се откажувам јас, туку само имам поинаков пристап на работите.
Мене не ме интересира кој како е политички обоен се додека си ја врши работата, ниту пак некој се покажал во добро светло за да гласам. Не сме сите политички устроени не има и независни. Кога заради некој ќе поминиш месеци дур да средиш документи, ќе направат грешки, и ќе ги испуштиш роковите, не по твоја вина, иако процесот си го започнал рано ќе правиме муабет. Секоја чест на исклучоците кои си ја вршат работата. А дека досега седеја по канцеларии и си пиеа кафиња, да не заборавиме дека некои и седат дома и земаат плата си имаше примери и интервјуа можиш да побараш. Нејсе сите институции се виновни не можам да бранам кога манипулираат студенти, некој кој треба да е најзначаен во општеството. Зошто им се јавно оставени телефоните? Секој има право да се јави и да праша, за негови средства се работи
Да ги ангажираа тие што седат дома и земаат плата до сега пет пати ќе ги прегледа апликаците.Ама во државава студент за 2400 денари месечно ќе претрпи секакви навреди,а поединец ќе си седи дома и ќе си зема плата.
Ни оброк ќе видиме,ни покачени стипендии.Јас веќе ниту се надевам на тие пари ниту ги планирам за нешто.Овде човек веќе нема ни на што да се надева никој ништо не зборува на овие теми ниедна страна не се изјаснува волку гревно не очекував да биде.
За јануари и февруари оброк кога? Како си се навикнаа да каснат , со тие пари може некој семестар си плаќа.
https://m.facebook.com/story.php?st...l&id=100064396370927&sfnsn=mo&mibextid=RUbZ1f За студентите од педагошки..
Да, на пример јас Тешко дека ќе стигне до следна недела...навистина немам видено земја што толку малку се замара за своите студенти. Немам зборови.
Незнам дали има уште некое друго место да се пожалиме и таму Ама џабе е се кога нема да си го решат проблемот. Тешко на студентите во Македонија. Затоа ќе си заминуваат од државата.