Прекрасно? Сериозно? Не, немаат ништо кажано, ама според досегашната (моја) логика така испаѓа. Со месеци доцнат... Само не глеам шо е толку убо па и прекрасно толку што не врткаат на малиот прст...
преКАСНО пиша членката ПС. сметам дека не е точна информацијава и затоа не кревај паника без потреба и не пишувај со доза сигурност дека тогаш и тогаш ќе добиеме оброк, кога ни сама немаш сигурен извор за инфо.
Сори да, моја грешка. Грешки сум читнала... Инаку не е само моја теоријава, иако се шпекулации сепак има дел од вистина... Ако ништо друго бар не сме виделе навреме да исплатат, така автоматски не се ни надеваме...
Ние сме најрамнодушните генерации што постоеле.Молкот на студентите и рамнодушноста не донесе во денешната реалност да сме последна дупка на свиралото.Ниту стипендии се исплаќаат,ниту оброк каде се парите и никој не дава никаков одговор.
Епа ајде да им искочиме на протест пред влада на сите веќе ни завршија испитните сесии. Претераа никој ништо не објавува сите си молчиме само тука на форумов што пишуваме
Како поединци од форум не можеме, има студентски тела што треба да изреагираат, да организираат, али како што гледаме 2 месеци има молк од нив, едно штуро стори минатиот пат дека ја следат ситуацијата. И јас сум за протест, и да се организира би ошла затоа што гледам како не газат. Денес е 21 февруари, од Мон немат ни едно известување, не играат како што сакаат, и си можат, затоа што гледаат дека си ќутиме
Дали има некој кој аплицирал во вториот рок, а му се пуштени пари? Односно дали барем му имаат одговорено? Кај мене е сеуште во проверка, а еве утре треба да запишувам нов семестар. Е*ати држава не функционира ништо.
Леле срамота, вака да си одговараат од нивни лични профили, а не од официјална страна на универзитетско собрание што треба да се залага за студентите. Вака дрско ни од МОН не одговараат..
Добивме само за септември октомври ноември и декември, за јануари и февруари ни следат, немаме земено.
Зошто би добиле на крајот на март за јануари, а не за февруари? Ако одиме по последнава нивна "логика" за декември пуштија на 1 февруари (сметајќи го крај на јануари). Според тоа за јануари треба да пуштат сега деновиве. Што би било изненадување ако се случи...
Ок е драги мои, и јас сум за да ми пуштат, шо значи на иста страна сме... Ама дека мон си игра играчки со нас така си е, за жал....
Два месеци се задолжив кај лихвари. Се' само да не гладувам. Очекувам од МОН со камата да исплатат. Шала настрана, ова вака не иде. Не реагирав до сега, си викам ајде разбирање некое да имам ама еве го и март ќе дојде за некој ден. Чаре некое?