Се дур молчиме ќе е вака.Тогаш се крена галама одма почнаа преговори ова,она.Срамота е веќе ова и жално.
Зошто сите уште молчиме? Минатиот пат ги напнавме, затоа добивме средства, и мислам дека се дури ќутиме овака, нема ништо да исплатат. Треба пак да ги спамираме со мејлови и со ѕвонење изгледа.
Има решение и ако не исплатат. Од Април тужба со адвокат и ќе се среди. Е сега дали може да се наплати и плус стварно незнам. Сепак делува ептен несериозно ова.
Ne sekoj mozi da si dozvoli da plati advokat . Taka da toa ne e resenie. Resenieto e definitivno spamiranje i javuvanje ili da se soberime site i da se odi tamu pa neka sreduvat togash.
Неколку пати им пишав до денес нема ни еден повратен одговор, исто и за декември им пишев, ни еднаш не вратија. Сите пишете по еден маил можеби ќе не удостојат со информација, нели и после 15 март треба да има картички али еве до ден денес немаме за ништо информација
Очигледно е дека се е залудно воопшто нема никаква позитивна работа ниту за оброкот ниту за стипендиите.Најмизерно е што не ни перцепираат дека постоиме.
Жално годинава стварно... Мила врати се , се' ти е простено барем исплаќаше поредовно. Прво пробаа да го укинат оброкот па кога не им пројде пробаа на секој можен начин да одложуваат и сега не д*пат (извинете на израз) у здрав мозок. Ова уопште не е на арно, како со сила да ги исплаќаат парите. Жално на тие што се крстат во париве и на кои им се потребни да го пројдат месецот на факс / студентски дом. Дур нема масовни протести ништо не правиме, ќе си седиме и ќе пишуваме мејлови до јули/август.
Здраво, закаснив со апликацијата за оброк и потоа имаше уште една апликација аплицирав, не добив одговор, потоа дадоа уште една и на таа аплицирав и пак не добив одговор, сега трет пат гледам пак пуштиле, прикачив документи. Што е проблемот зашо нема никаква одлука или повратен одговор? Вработена сум и пријавена но на пола работно време со минимална плата едвај.
Зошто на прво место се договорија за така смотан начин на оброк?120 ден секој ден да ги искористиш.За 120 ден салата немаш веќе нигде.И ако плаќам веќе толку пари поарно 500г мортадела ќе си земам за пола месец ќе иам сендвичи да јадам.
Државата ќе склучи договор со компании/фирми каде што ќе може да се јаде за они по поовластени/намалени цени да овозможуваат оброк за студентите.. Иначе нема никаква логика..
Сигурно ке се одолговлече состојбата со картички. Гледаме дека со студентски оброк не се замарат ни 1%. Пари не им се пушта- една обична процедура, не па да мислат систем и да склучуваат договори.