Мене ми скратија еден оброк, се вработив на 15, и технички за тој месец ми следуваше, ама не ми исплатиле, ваљда по нивната логика некоја не ми следува..
Чим се вработиш одма го укинват, а и не сум слушнала дека некој што се вработил му исплатите за месецот кога се вработил, тоа треба да видат кога си се вработил, па да израчунаат за колку дена треба да исплатат, невозможна мисија...
А, ако си фриленсер укинуваат? Страв ми е пари да си подигнам, ќе чекам до летото...Payoneer сигурно ли е за да ти стојат пари таму?
Правилата за оброк: 1. Кои се државјани на Република Северна Македонија; 2. Кои се редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните универзитети: 3. Кои не се во редовен работен однос; 4. Кои не се регистрирани како индивидуални земјоделци и 5. Кои немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во Републиката за тековната година. Можеш под 18000 да земаш пари, а сега и по ново се качува минимална на 20000, немаш гајле.
Првпат сега ќе се пријавувам за студентски оброк знаете од каде можам да ги најдам пријавата и изјавата?
https://mon.gov.mk/content/?id=4174 На линков имаш упатство како се аплицира. Кај начин на аплицирање ги имаш и линковите од пријавата и изјавата што ти се потребни.
Здраво, овој месец аплицирав за оброк, дали има шанси да добијам оброк за Март или ќе земам дури во Април?
Да, ако се придржуваат на тоа дека се пушта на почеток на месец треба да пуштат, али никогаш со нив не се знае