Во конкурсот пишуваше дека ќе биди од 1ви октомври исплатата, ќе се исплаќа 9 месеци, би требало да е секој 1ви
Во меилот треба да има линк кај што го симнуваш решението. Немаш линк? Или друго прашуваш Едит - а океј, разбрав. На тоа за е- услуги и јас немам ништо. И кај мене Коа видов втор меил, викам ваљда не се премислиле
Мене ми стигна пред пола саат Него да ве прашам, дали парите можеме да ги трошиме за некоја наша потреба или стриктно за храна? Тоа баш не го сфатив
Мене ми го одбиле барањето врз основ дека не сум редовен студент и не сум граѓанин на Македонија, но јас ги исполнувам овие критериуми, буквално утре одам да заверам и запишам семестар и немам друго државјанство освен македонско. Дали некој знае која е постапката за поднесување жалба/приговор?
Исто и кај близок причини за одбивање тие се, пиша меил до МОН за како да поднесе приговор, уште не му вратиле. Кажете ми да не случајно ако студираш повеќе од 4г предвидени за факултетот, да не затоа можеби е одбиен? Зошто ниту работел до сега у животот па да има примања нешто, ниту е вонредно, си плаќа најнормално 400 евра за приватна квота и уште оди на факултет, првпат слушани предмети му се, само плус година во студирање. Како може да не е редовен студент и мене не ми е јасно, едино на ова помислив како опција. Или е до ова или е утка некоја?
https://www.fakulteti.mk/mobile/news/22012020/120-denari-za-subvencioniran-studentski-obrok стара е објавава, се надевам нема вака да е...
Па со 120 денари и нема некој голем избор на храна (без кифли, конзерви и сендвичи) некако логикава не им е на место.. Се надевам нема да е вака како на статијава
И јас се надевам дека нема вака да е... плус една пауза шо ја имаме на факултет абе само за готвена храна да јадеш...
Не е вака, стара е објавава пред да се изгласа. Штом ни стигаат на трансакциска кога сакаме и за што сакаме може да ги користиме.
Не знам колку е вистина ама и на вибер пишувале некаде дека секој ден ќе префрлаат по 120 ден што ќе може да се користат до 20:00 часот. Исто во законот пишува ако не се искористеле истиот ден, не се префрлале во наредниот туку сумата пропаѓала. Ако е ограничен периодот во кој ќе се користат како планираат да го регулираат ова? Парите нема да може да се подигнат од банкомат или? Ако е вака, класично предизборно мачкање очи.