Мачкање очи буквално. Доколку и оваа година биде онлајн апсолутно ќе пропаѓаат тие 120ден. ако не можат да се поддигнат од банкомат. Реално ако е онлајн, дома сме сите горе-долу и сигурно нема да излезеш до ресторан и да купиш супа или некоја здрава храна...
Фала богу, и они врти сучи пак ќе си ги направат реверс на средствата и нати го дај ми го работава... Ах мојата чудесна земја А ќе речеш изгледа совршено зголемена стипендија и субвенции за студентски оброк оно да ти било пу пу не важи.
Еве и со физичко присуство да сме, ретко кои факултети имаат паузи по 2-3часа па да седнат негде да си порачаат за јадење, сите што сме на факултети со набиен распоред едвај стигаме едно лиснато да каснеме, а според објавана не ни е дозволено ни тоа.
И како според нив и каде, како најбитно прашање ќе може да ги трошиме тие пари, ако не смееме една фанта да купиме со париве
Од каде сето ова дека ќе мора да трошиме 120 дневно инаку пропаѓаат? Објавата е од јануари 2020, кога уште не бил донесен законот, и плус пишува дека на давателите на услуги ќе им префрлаат пари, а знаеме дека нас директно ќе ни префрлаат на сметка. Тоа изгледа било првичната идеја, па се премислиле. Кога аплициравме убаво си пишуваше дека ќе добиваме 2400 месечно на сметка и може да се користат секаде, не само за храна. Мислам нема да има ограничување, ама ајде ќе видиме.
Ова е првично, ама после како јас што прочитав беше дека ќе се исплаќа сумата на 1ви, и како би направиле од наша трансакциона да не можат да се извадат парите, ова не е купувам домашно
Колку што знам и имам слушнато оваа година на наша трансакциска сметка ќе ги префлат парите и ќе можиме да ги користиме каде и како сакаме (може да ги извадиме од банкомат), а понатаки можеби ќе смислеле нешто како на посебна картичка и каде можело да се користат парите исл. Незнам колку е точно, но јас така знам. Инаку дали овде треба само да се штиклира дека ги потврдуваме наведените точки или треба празно да се остави?
Мое мислење е дека парите ќе можат да се вадат од банкомат,бидејќи оваа си е наша картичка не е картичка купувам домашно,некои луѓе пазаруваат само со картичка или вадат пари само од картичка немат во нив.(мислам ме разбравте што сакам да кажам) Нема смисла да не може да се вадат парите.
Ќе се вадат од банкомат бидејќи се на нашата сметка. Доколку одлучат на посебна сметка да стигаат тие пари (со тоа и посебна картичка) тогаш ќе биде ограничено дали може/не може да се вадат од сметка и каде ќе може да се користат.
Сите студенти кои ги исполнуваат следните услови да се пријават на јавниот повик за остварување на правото на субвенциониран оброк 1.Кои се државјани на Република Северна Македонија; 2.Кои се редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните универзитети: 3.Кои не се во редовен работен однос; 4.Кои не се регистрирани како индивидуални земјоделци и 5.Кои немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во Републиката за тековната година. ( Право на субвенциониран студентски оброк )
Ме одбиле по основ надминување од минималниот месечен приход ЗА ТЕКОВНАТА ГОДИНА.Во јануари имав пуштено на сметка околу 18 илјади од работа,но веќе не сум вработена и затоа ме одбиваат.За еден месец.Резил се.Резил.Што не мачат вака да аплицираме да се надеваме кога меркава нема за цел вистински да ни помогне.
Некаде како да прочитав и една уплата над минималната плата да имало во текот на годината дека ќе си бил одбиен.