22 дена × 140 денари = 3.080 денари. Ви пуштиле и за 2 јуни (петок пред Духовден) и 28 јуни (Курбан Бајрам), кои не се празници за сите граѓани.
Секој ден на картица по 140 денари што ќе треба истиот ден да се искористат иначе ќе пропаднат, не се префрлуваат за другиот ден
Искрено не верувам во ова, мон вака едвај функционираат на два месеци, не па така секојдневно.. Ај ќе видиме и тоа чудо
Во Словенија веќе има таков систем. Студентите добиваат попуст за оброк во менза, ресторан и слично. Има апликација за телефон, а може и да се ѕвони на телефонски број (како билет во ЈСП). Е сега јас колку што знам беше 2,70 евра попустот по оброк и во денот може два пати да искористиш. Има места каде што за ич пари добиваш парче пица, за 2-3 евра доплата готвено јадење во менза и слично. Студентите кај нас се најзагрозена група на граѓани и не знам зошто продолжуваме да го дозволуваме ова. Немаме никакви поволности, а сега и едвај 140 денари за еден оброк. Што може кај нас по рестораните да се купи за тие пари?! Можеби по сендвичари некој хамбург. И тоа е само еден оброк во денот, толку. Навистина постојат студенти што парите од студентски оброк ги пренаменуваат во други цели, но во секој случај месецот тие трошат пари за храна. Повеќето според мене ќе си испазарат во маркет, ќе си го наполнат фрижидерот. Барем маркети има близу сечие живеалиште, а ресторани не баш. Не знам како ќе биде, никој не знае очигледно. Но не верувам дека нешто ќе проработи. Во секој случај, не треба ова да го дозволиме.
@poi точно, со 140 денари не може да се направи буквално ништо, далеку подобро е да ги даваат на картица тие пари, и ете нека бидат исклучиво за пазарење на храна, без разлика кој за што ги искористил пак се трошат пари во месецот за храна. И гледано како ги пуштаат со каснење секој си ги планира за што му е најпотребно. Ова со 140 денари на ден кој се губат не се префрлуваат е најглупо нешто. Реално знаат дека нема сите да ги користат па затоа така, а вака целосната сума на сметка секој ќе ја искористи
Здраво, би сакала да прашам дали има некој што зема студентски оброк, а е пријавен на пола работно време или ако си пријавен го губиш правото на оброк?
Не го губиш правото, особено не за време на летниве месеци кога не земаме оброк. Од октомври би можела да го загубиш правото ако продолжиш да работиш, доколку платата ти изнесува над 20.175 денари.
Истото го мислев и јас, но од министерството се прават паметни дека ми е изгубено тоа право, иако не сум во редовен работен однос, ниту примањата се поголеми од минимална плата.
Објавен е конкурсот за оброк, пријавување од 1 до 10 Август. Знае ли некој дали и оваа година треба да немаш над 18.000 денари на сметката или нее битно тоа со оглед на тоа дека оваа година не прикачуваме трансакциски и исплаќањето ќе оди преку Шпаркасе? За да знаеме дали да го подигнеме вишокот или не.