На веб сајтот на МОН во одделот конкурси https://mon.gov.mk/content/?id=6256...9wAvi6E2WySs1NAMQT7TZR1SE0OJkr_WLEG4xJVd4zWDY
Одлично избран термин за конкурирање со оглед на тоа што студентите овој период се по одмори и работа. Дно.
Сѐ додека не биде избришана точката в) на членот 9 од Законот за субвенцониран оброк важи. Во моментов минималната нето – плата изнесува 20.175 денари, која важи од март до декември 2023 година За јануари и февруари 2024 година износот ќе биде друг, кој зависи од даночното намалување за 2024 година кое го објавува министерот за финансии во декември 2023 година. Во март 2024 година министерот за труд ќе објави нова висина на минималната плата во бруто износ, а од него ќе се пресмета нето – износот.
А нели кога аплициравме порано требаше да се внесе трансакциска сметка на банката, а сега само од Шпаркасе банка ќе треба. Во конкурсот вика посебна сметка од Шпаркасе да се отвори после стекнување со право за оброк. Во меѓувреме при аплицирање кога ќе бара трансакциска сметка( ако бараат) што да внесеме, досегашната што ја имавме?
Не треба воопшто трансакциска сметка оти нема да пуштаат како до сега. Ако те прифатиле за оброк, од Шпаркасе ќе ти отворат нова сметка наменета само за студентски оброк, без разлика дали имаш или немаш сметка кај нив, нешто како што беше со "купувам домашно". Ќе те известат за датумот на потпишување договор со банката.
Дали некој знае дали може наместо број од лична карта, да се напише број од пасош, бидејќи личната карта ми е измината?
Дали има врска ако парите од стипендија ни се на сметка и се повеќе од минимална нето плата, треба ли да ги извадиме или нема врска, сепак и тоа се пари од мон?
По мое мислење нема врска. Под „месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето – плата“ се подразбира приход од: Доход од работа Доход од самостојна дејност Доход од закуп и подзакуп Доход од авторски права и сродни права Доход од продажба на сопствени земјоделски производи Доход од права од индустриска сопственост Доход од капитал Капитални добивки Друг доход Добивки од игри на среќа Доход од осигурување Односно од приход на кој УЈП наплаќа данок на личен доход.
Знае ли некој зошто пак бараат трансакциска, полето е задолжително и мора да се пишува бројче плус пдф да се прикачи
Пак може на сметка ќе ви пуштаат, па и поарно е така, кај можат они да се снајдат секој ден редовно да пуштаат на картичка.. Глупо би било на сметка да пуштаат по 140 или 160, поарно цела сума како што беше, еднаш месечно.
Е де затоа јас прашав погоре, изгледа треба да ја напишеме трансакциската сметка која ја користевме са оброците досега.
На линкот за конкурсот пишува како ќе се одвива… Работата е што имаат заборавено детал, порано требаше сметката да ја имаш веќе отворано, а сега сметките се отвараат после прифаќање, но при конкурирање ја бараат сметката, а сега човек не знае што сметка да напише, единствената опција е да ја напишеме онаа од која имаме примено досега.
Зборуваме за трансакциска сметка така? Па штом ви бараат трансакциска значи пак ќе пуштаат како што беше, е сеа дали цела сума еднаш месечно или секој ден за оброк. Ја мислев на друг начин ќе функционираат тие картички, дека ќе ви дадат посебна, нешто слично како што беа тие купувам домашно, нема да може да ги извадиш туку само преку пос терминал да плаќаш, може па и така ќе биде, кој ги знае ама кај бе тие ќе ти се замараат до толку, нели гледавте дека крај не им се наоѓаше, не беа воопшто координирани па сеа демек ќе бидат.
Нема мон да пушта, банката ќе се грижи за тоа... Однсоно МОН ќе пушта еднаш месечно на банката, а Шпаркасе ќе ги распределува средствата на дневно ниво