Мислам дека ќе ти е појасно ако го читаш линкот од конкурсот. Оние имаат кажано таму се како ќе оди, што не е како што вие кажувате, ама нема логика да бараат трансакциска сметка при конкурс, а истовремено да кажуваат дека сметката се отвара, тек после прифатење.
Епа распрашајте се тогаш што е работата, пишете им мејл, спамајте ги, ние така претходно праевме им досаѓавме и некад ќе се смилуваа ќе одговореа. Треба да знаете точно како ќе иде процедурата, ако и они знаат, може врска уште немаат што и како, не ме чуди ништо. Лани што напраиjа, со месеци не држеа во неизвесност дали ќе има или ќе нема, па им текна ај ќе пуштаат па пуштаа кога сакаат. Цела година имаа време да го средат ова со картичкиве ама пак ко неспремни да се ми личат штом викаш имаат пропуст. Ај се надевам нема да имате проблеми и се ќе биде во ред.
Сконтав зошто ... Во нас е грешката, за секој универзитет си има посебна апликација... Под Кирил и Методиј е за Климент Охридски,
Dali i kaj vas otkako apliciravte koga pravite pregled na aplikacijata ima promena vo imeto i prezimeto pr vi dava Стефаn Стефаnovski а не Стефан Стефановски?
А ако имаш над 18.000 денари во сметка, иако таа сума не е резултат на месечни примања, туку акумулирана парична вредност, има проблем?
Конректно не знам, но постои нешто демек ако не ти се остварени тие средства од приход од работодавец демек не било проблем, ако ти се добиени по основ на остварен приход од работа било проблем само доколку ти ги има трансферирано работодавец или од друго остварен приход на база на работен однос, добивка од игри на среќа итн.. @МитеМен конкретно за ова има ли законска обврска?
Нема законски одредби што ако имате повеќе од 20.175 денари на сметка. По мое мислење може да имате колку сакате на сметка.
Внесете ја тековната сметка, независно од која банка и прикачете пдф на истата. Денес добив меил од нив, ми потврдија.
Да не ги има некој пријавата и изјавата од оваа година да ги прикачи мон страната не им работи како и секогаш...
Дечки, кога идам да го променам пасвордот на е услуги ми дава да внесам емаил, го внесувам ама не добивам никаква нотификација на маил, апсолутно ништо. Не можам да аплицирам за оброк без да сменам лозинка, помош?
Дали ние што сме тековни студенти треба до утре да аплицираме? Не разбирам бидејќи пишува дека треба, освен тие што не запишале летен семестар. Јас немам запишано нов зимски. Дали треба сега да аплицирам или во октомври? Фала однапред
До денеска се аплицира за редовните од 2ра година нагоре кои ги исполнуваат условите. Ако некој не ги исполнува, кога ќе ги исполни критериумите наведени во конкурсот ќе може да аплицира секој нареден месец од 1 до 7ми.