Здраво феминки би сакала да ве прашам, бидејќи вчера заврши рокот за пријавување дали може да се аплицира за студенски оброк сега во септември?
Ме интересира дали доколку некој ми прати пари на сметка и надминува над 20 000 тогаш нема да ми го прифатат барањето за студентски оброк? А притоа не сум во работен однос?
Ако е од човек нема да е проблем а ако е од фирма мислам дека нема да те прифатат. Но не сум сигурен нека каже некој ако е запознаен повеќе...
Дали на некој му се измена статусот кај оброкот. Наместо успешно поднесена пријава да ви пишува прифатено?
Имало кај некои веќе што стои така прифатено или онака прашуваш? Успешно поднесена апликација стои уште и кај мене инаку.
Здраво колеги, слушнав дека од Шпаркасе Банка ќе креираат платформа за ажурирање на податоци за МОН картичките за студентски оброк во текот на оваа недела. Па таму ќе треба да ги ажурираме податоците за МОН картичката, а потоа од Шпаркасе ќе не известат за подигнување, за време и место.Не треба да одиме ние во експозитури да отвараме сметки, Шпаркасе банка ќе го направи тоа и ќе не известат навремено. Да следиме што ќе објават на нивните социјални медиуми деновиве.
Што ќе се направи со 140 денари на ден, тоа е ужас.. Нели студентите реагираат нешто? Да биде исто ко лани... за греота е тоа 140 денари
Овие 140 денари на дневна основа ќе се обновуваат односно од пон-саб ќе можеме да ги користиме, а недела и државни празници нема да може. Најважно е сега да ажурираме податоци на платформата на Шпаркасе. Да се надеваме дека ќе ја пуштат оваа недела.
Значи стига порака од Шпаркасе и читаш - квалификуван си или повеќе среќа следниот пат Aко не исполнуваш услови сега, ќе има пак повик секој месец од 01 до 07ми. во месецот.
Немам информација кога ќе се подигнуваат картичките. Ама мислам дека ќе не известат преку емаил адреса на сите за време и место на подигнување. Најважно е ние да ги ажурираме податоците преку платформата која ќе ја пуштат. Да следиме на нивните социјални медиуми и веб страната на Шпаркасе за ова.
https://netbanking.mk/portal/studentportal тука е линкот за ажурирање на податоците. Јас ги ажурирав дали успеавте?