II. Рок за пријавување Рокот за пријавување за тековните студенти е од 1 до 10 август 2023 година. За кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар рокот за пријавување е од 27 септември до 2 октомври 2023 година. По истекувањето на роковите за пријавување Министерството за образование и наука ќе го извести секој кандидат за статусот на пријавата по електронски пат. Исто така, рокот за пријавување на студентите кои не го оствариле правото на субвенциониран студентски оброк со Јавниот повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк објавен од страната на Министерството ќе биде од 1ви до 7ми во месецот за секој месец од академската 2023/2024 година, освен за пријавувањето во месец септември 2023 година кое ќе трае од 1 до 5 септември 2023 година
Ова е последниот чекор така? Не стига mail како потврда после? Не ми стигна ништо, затоа се прашувам дали се направив како што треба иако според ова би требало. Кај вас вака беше исто?
Dali nekoj ima na um sto bi kupuval so parite? Za edna kutija cigari vrsat rabota hahaha i kojznae od kade ke ni odobrat...
Овој картичен продукт ќе обезбеди наменско користење на доделените средства во дневен износ од 140 МКД, за купување приготвена храна и прехранбени производи, а студентите ќе може да ја користат од понеделник до сабота (исклучувајќи државни празници), кај правни лица што произведуваат, подготвуваат или продаваат храна и прехранбени производи. Наменската картичка ќе биде единствено средство преку кое студентите ќе можат да користат субвенциониран студентски оброк, поради што и е важно секој студент да ја подигне навремено.
Од Шпаркасе после тоа ќе известат за подигнување на картичките за време и место. Така стои и во нивното соопштение на Веб страната „Доставата на картичките ќе се одвива во текот на септември, за што секој студент ќе добие навремена информација за местото и за времето на подигнување на сопствената картичка.“
Зависи од тоа каде ќе може да се купува со неа. Пример во маркет да дозволат би било одлично, имаш поголем распон на производи. А, ако може само во пекари, ресторани/кафани, тогаш многу зависи од тоа дали локациски ти одговара.
Според информациите што ги знам од МОН и Шпаркасе, секој 01-07ми во месецот ќе може да се аплицира за студентски оброк
Прифатена ми е апликацијата за оброк, но немам добиено линк за да аплицирам за картичка, дали треба да појдам до Шпаркасе или да чекам смс со линк прво?
Аплицирај си за секој случај, а потоа ако ти стигне порака пак аплицирај уште еднаш. Не губиш ништо Ако не најдеш линк пиши ќе ти пуштам