Не. Ако си аплицирала не треба ништо. И мене ми стигна, тоа е доколку не си аплицирала на време, па ти праќаат линк, така да не ти треба два пати.
Никако. Ќе почекам до утре може ќе се управи . Инаку пишав мејл до банката, но сеуште немам одговор. Како и да е утре може ќе се јавам да прашам на бројот што е оставен за контакт. Ако случајно најдиш решение или добиеш некаков одговор пиши ми.
На задната страна на личната карта има поле после адреса на живеење, каде пишува : издадена од/authority Тоа ти е орган на издавање, мене пример ми е МВР-Скопје.
Здраво, во апликацијата за студенски оброк потребно е да се прикачат документ со пријава и изјава, за кои документи станува збор?
Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк Изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк
Овие информации ги испраќаат законски и мора да ги имаме сите. А доколку не си ажурирал до сега преку https://netbanking.mk/portal/studentportal треба тоа да го направиш. А доколку си ажурирал тогаш нема потреба. Сега ќе чекаш информација само за подигнување на картичката.
Исто и мене. Макар што не ми е проблем секако ќе сум во Скопје и ќе ја подигнам таму. Туку јас не можам да ги ажурирам податоците. По внесување на матичниот број не добивам активациски код и неможам да одам на следен чекор. А ми стигнаа повеќе пораки да ги ажурирам податоците барем еден ден пред да ја подигнам картичката..
Изгледа сите сме во централата во Скопје. Јас од Скопје сум, само мислев во најблиската банка ќе ме стават да ја подигнам, а не во оваа главната. Брзи беа некако, се надевам без гужви ќе си ја земеме сите.