ИЗВИНИ тогаш не ме цитирај ако неможеш да ми помогнеш пошо да најдев сама немаше тука да пишувам, поздравче.
Па еве ти помагам ти одговорив на прашањето. Втора фаза ти е ажурирање податоци на линкот што ти го цитираше. И не мора да пишуваш со caps не гледам причина.. Тоа што го пишав не е наменето директно затебе туку за сите што прво прашуват без сами да проверат, апсолутно се што знаеме ние тука што одговараме е од студентарија на инстаграм што имаат објавено и секој има пристап до тие информации.
Јас не се нервирам не ни гледам причина за тоа. Од што сакам да ти помогнам ти напишав од каде јас знам за информациите за и ти да знаеш и воедно ти одговорив и на тоа што праша.
Мислам дека беше до вчера аплицирањето за овој месец, а верувам секој месец ќе може да се аплицира ако не сум грешка. https://mon.gov.mk/content/?id=7274
Па мене на пораката ми пишува “од”- одреден датум не “на” - одреден датум. И потоа продолжува: од пон-петок од 10-17h и сабота 10-15h…така што мислам дека може до крајот на месецот.
Сеуште немам добиено порака за каде и кога да ја подигнам картичката. Малку ме фаќа паника, се јавив во банката ама конкретен одговор не добив. Некоја идеја шо да правам?
Ми стигна порака, пишува од Ск да се земе картичката. Дали може од Куманово ? Ајде мене ми е и блиску Ск ама има некои и од подалеку... А и сигурно нема само за една картичка да одам до Ск...
Требало првично од градот каде што сме да си ги земаме картичките, но нема доволно практиканти во другите градови за да работат на оброков, затоа скоро на сите ни е во Скопје подигнувањето на картичките.
А, годинава од кога ќе добиваме пари? Од 1 октомври кажаа? Минатите години не беше од порано или нешто грешка сум?
Секако може само да ги пратат по градовите, а договорите да ги испринтаат, не им треба посебно некој за тоа да го направат
Пари нема да добивате, туку 140 денари на картичката, кој треба да ги искористите во утврдено време во денот, ако не ги искористите ги губите. Да, порано беше, но се смени законот од 15 септември на 2 октомври.
Здраво феминки сакам да прашам за студенска картичка од sparkase? При аплицирање стигнав до вметнување на документ од 2MB е сега не ми е јасно дали тоа треба се вметне само слика од лична карта или цела страна од лична карта бидејќи ми пишува неподржан фајл?