-Му крашнува апликацијата на пати, толку им е направена. -Околу викендите, можете секоја сабота да си пазарувате во овој месец, оти 30 дена е - 4 недели од кои првата е 4 дена, 3х6 дена и 4 дена од последната = 26 вкупно * 140 = 3640 ден. Јас ја користам од 1 ноември, оти на 2 октомври аплицирам за субвенциониран студенски оброк и ми функционира во маркетот кој се наоѓа во моето населено место.
Ми пишува на апликацијата расположливи средства 3640, а тековен лимкт 0,00. Ја подигнав картичката во четвртокот, пробав во петок и сабота да ја искористам не ја прифаќа, дали некој знае што можам да направам?
Денес платив во маркет, ми ја одби картицата па за производите си платив во кеш. Кога стигнав дома ми стигна порака дека е успешно платено со картица и пари за денес не остануват веќе. Некој друг да не имал ваков проблем?
Ми се има случено истото, но за неколку часа ми ги вратија парите на сметка. Џабе ги вратија, кога денот беше при крај и јас не можев веќе да ги искористам...
Би требало да има место каде може да се пријават овие манипулации. И од студенти да краде државата, ова само во Македонија го има
Прво и јас бев изреволтирана, но изгледа е проблем до банката или можеби до конекцијата на ПОС терминалот во продажното место. Сепак, треба да се отвори некоја форма за поплаки и вакви искуства. Нека каже студентката (@Tweety1222) дали и се повлечени парите или сепак и се вратени на сметка. Јас добив нотификација нешто во смисла неуспешна резервација на средства (не ги разбирам баш банкарскиве поими) и веднаш ми беа вратени парите за употреба. Но, како што кажав, имаме дневен лимит и залудно е да ги вратат кога возот заминал. Се случуваат секакви грешки, но барем нека дозволат другиот ден да ги искористиме.
Дали некој знае кога ќе бидеме известени дали ќе добиеме студентски оброк, тие што аплициравме сега од 01.11 до 07.11 ?
Дали ти стигна порака на мобилен телефон дека на маил се испратени инструкции, а на маилот немам ништо?
Здраво девојки, јас на 07.11 аплицирав за студентски оброк, денеска ми стигна порака на мобилен дека на маил ми се испратени општи правила за користење, меѓутоа, на маилот немам ништо, дали ви се има случено нешто слично? Ме фаќа паника бидејќи пред некое време на студентарија објавија дека имало наводно некои лажни пораки за злоупотреба на податоци? Благодарам однапред
Провери на меил да не ти се отидени во спам, на сите ни има стигнато, или освен да не имаш грешка при внесување на меилот.
Да, сега ми стинала таква порака, а на маил ми стигна вчера известување за субвенциониран студентски оброк, со линк за регистрација.