Сериозно не ти треба? Ова првпат го слушам од студент. За жал не се сите талентирани и со време и со памет да учат и работат во исто време. Еднаш некоја мерка ќе се воведи и некој ќе каже не фала Јас сум за слободни карти во музеи и културни објекти за студенти. Имаше некој обид ама тешко се применуваше или ќе нема претстава тој ден или ограничен број итн. Да се реновираат библиотеките, да се даде попуст за во теретаните (ова од нив зависи). И приватниве фирми/ресторани да направат некое мени/попусти/пакети за студенти. Ем си добиваат на реклама ем добра кауза. Држава што дава бенефити на интелектуалната сила, покажува што и е битно. Секаде се привилегирани студентите за да им се олесни патот бидејќи избрале некоја струка од системот, а не надвор од него.
Малку пари се овие за позагрозени семејства. Треба да има барем уште една група кои ќе земаат повеќе од овие пари. И не само ова, уште многу треба да направи државата за студентите. @Winnie Pooh не се изјасни така. Едноставно кажа дека залудно ќе фрлаат пари. Да има вакви повеќе, што се свесни дека не им треба, парите ќе завршат баш каде што треба.
„Во новата академска година, секој студент кој е државјанин на Република Северна Македонија и е запишан како редовен студент на додипломски студии на државните или приватните универзитети, месечно на сметка ќе добива по 2.400 денари наменети за оброк.“ на meta.mk вака пишува.
Хахаха, одамна не сум се насмеал толку слатко. Како баш ја изгласаа меркава пред локални избори? И, на крајот на денот се прашува ли некој од каде ќе ги најдат парите? Колкав ни е дефицитот во буџетот? Колку сме презадолжени? Како утре ќе ги враќаме парите? Имаме само 227 милиони странски инвестиции што е брука. Од друга страна поскапуваат еден куп други продукти. Влези во еден маркет и спореди ги цените какви се денес, а какви беа пред година дена. Струја поскапе, гориво поскапе, храна поскапува, удараат акцизи на се живо и диво. Не сум против никакви мерки, но тоа да е со разум, а не политикантство, затоа што утре јас и ти ќе трпиме и ќе враќаме долгови. Нема бесплатен доручек. Тоа мора некој да го плати.
Да дефинитивно треба да се воведуваат повеќе мерки за студенти. На брачеда која живее во странство кога и кажував дека како студентка плаќам за посета за во музеј се изнасмеа и ми рече уште ова го немав слушнато. Од друга страна па и на прсти се бројат тие што сакаат да посетуваат музеи, опера и балет во државава .. Ете толку треба да знаете за младите и за јадната ни држава каде главна целна група се пензионерите а не младите.
Епа затоа што на прсти се бројат ништо не ги кошта меркава, нема да се наполни буџетот од студент што штедел за една посета.
Хахахха смеј се колку сакаш, мене искрено не ми е битно дали е пред локални избори или не, и така кој и да е не би воведувал нешто од алтруизам туку со некаква цел.Ама како што кажав не ми е битно.
На постотот од универзитетското студентско собрание во коментар го имаат поставено истото прашање и од собраниево е реплицирано дека ќе бидат на трансакциска.
Тие што пишавте дека не ви се потребни направете добро дело и подарете ги на колеги што им треба или помогнете на некој друг начин некому.
Не мора да ги земиш парите. Откажи се од бенефицијата, оти не ти одговара дека е пред избори. Нагласи го тоа.
Јас немам потреба од тие пари, но мора да воочите стварно залудно фрлаат на глупости. Јас сваќам дека има студенти што се социјално загрозени и дека им требаат тие пари, но што ќе им и луѓе што ќе ги поебаат за една вечер. А згора на сé да немаат никаков буџет да ги реновираат факултетите кои не се чепнати од Бог знае кога. Да озбилна сум, мене не ми требаат тие пари, колку што им требаат на други студенти. Епа јас сум во таква ситоација каде што можам да работам и самата да си плаќам одредени трошоци.
Во други држави често има ова, ама е поорганизирано. Има цел систем за тоа колку се плаќа, на кои места можеш да купиш, колку пати дневно итн. Мило ми е што ова ќе го вметнат во Македонија, многу, многу треба. Се надевам ќе има добра реализација, а понатака и подобар систем.
Тешко дека ќе биди ефикасна реализацијата, судејќи по досегашното искуство на 'крпени решенија'... I'm cautiously optimistic
Апсолутно треба да има стимулации за студенти. И да не е финансиски само, буквално секоја нормална земја има страшни попусти за студенти насекаде, за превоз, за домашен туризам, за сите рекреативни активности. Дел и погоре спомнати. Јас сум за да имаат секакви олеснувања. И да е како купувај домашно, сосема ќе е во ред, така и треба да е. Ова е ок како идеја, реализација ќе видиме.
@злоба .. со тие пари купи 2 сендвичи или порција од некое јадење и дај им на некои што им треба еден оброк денес.. За се останато се сложувам со @Celltica .. да не се повторувам