Централа 2 на Шпаркасе е на точната адреса што пишува на смс порака така, ул. Македонија бр. 34? Пошто кога ја барам на maps со оваа адреса не ми ја дава банката.
Има некој од бруцошиве што нема уште порака за картичка или дали е прифатено добиено? И дали има врска што нема профил се нема пријавено на е пдд (она што е на ујп)
Ние што земавме лани оброк, дали ви стои и на вас сеуште “валидно”? Се знае кога се очекуваат резултати?
Пробај пак да ја пополниш апликацијата од линкот што ти стигнал по порака, и кај мене нејќеше пробав повеќе пати и чекав да стигне порака или меил ама не ми стигна, па денес пак се обидов и ми стаса смс дека можам да ја подигнам картичката.
И нема никаков линк стигнато по порака. Го направи и вториот чекор преку шпаркасе што беше објавено но нема ништо
Да за вториот чекор мислев и јас. Кај многумина беше така, по повеќе пати го правеа вториот чекор исто и јас го пополнував повеќе пати и ете денес добив смс. Нека го пополни пак вториот чекор кај и да е ќе и стаса смс.
Сега проверив на мон, ме одбиле за оброк. Можно ли е бидејки не ми е запишан семестарот? Инаку од студенски ми рекоа вчера да поднесам барање за промена на студиска програма, неколку пати презапишувам година заради неколку испити. А и да ве прашам, можно ли е да ме одбијат за промена на студиска програма? Има ли некој со слично искуство, сум редовен студент, и дали ќе можам повторно ра аплицирам за оброк?
@Flower117 не си запишана затоа, нема врска што менуваш студиска програма, тоа не влијае на оброкот, ќе си поднесиш приговор, или ќе си аплицираш во октомври
Студиската програма е на иститот факултет истиот смер. И сега гледам на е идекс одбиено барање. Пишува дека немам приложено уверение. Какво уверение, ништо не ми е јасно, од студентски ништо не кажуваат.
Не можам да се најавам на апликацијата на Шпаркасе, бара 2 активациски кода смс и мејл. Треба да испратам барање или да ажурирам податоци за да добијам кодови?
Лани земаше оброк така? Пиши му мејл на ivan.kolovski@sparkasse.mk Објасни шо се случува и тој ќе ти прати инструкци што понатаму.