Здраво дечки јас сум нова тука да прашам што е ова оброк за студентите? дали е за пари или за храна или за пари ќе ни даваат факултетите за храна да си купуваме? Ако може некој да ми објасне.
Министерството за образование објавува конкурс на кој аплицираш. Ако си прифатена, добиваш картичка на која ти легнуваат пари кои можеш да ги трошиш по маркети на неделно ниво за да си купиш храна.
Има ли некаде тема за електричните уреди? Дали може да аплицирам со УЈП профил на родител или мора да биде лично мој?
Не е почнато аплицирањето за електричните уреди. Запрати го профилот на Студентарија, објавуваат постојано, има цела објава за креирање профил со подетални информации.
Да се надополнам. Пишува дека секој студент треба да има свој, личен профил. Сепак имаат оставено контакт телефони каде што можеш да си прашаш.
Здраво, да прашам дали треба сега (периодов) да се оди во некој од центрите за креирањето профил од основен на ниско ниво за ваучерите за електронски уреди или понатаму?