Има ли некој некакви информации кога ќе ни исплатат на тие што имаме решение дека е одобрено, а немаме добиено 1440 денари?
Mислам прво на нив дека им исплатија. Да не те пропуштиле во системот, искрено не знам кај би можела да се обратиш.
И мене се уште не ми се. Планирам утре да се јавам во МОН иако не очекувам воопшто да ме удостојат со одговор.
se registriram na linkot ama mi pisue deka mi e nevaliden emailot ... na nekoj drug da ne mu se ima sluceno istovo i kako se spravil so toa?
Една работа не можи да се направи како треба. Јави се, пиши им mail не оставајте така тие средства ви следуваат
За било какви проблеми, обратете се на контактите кои МОН ги имаат оставено за таа цел. Еве ги на линкот : Контакт (mon.gov.mk)
Да, да. Во секој случај! Па, тоа се ваши пари и како и секој друг кому му стигнало решение, треба да си ги земете! Потполно се согласувам.
Да не имате некоја грешка со трансакциска можда? Да не сте ја згрешиле при пишувањето кога сте аплицирале или таму можда згрешиле бројка па испаднала работата една нула прави кула.
Не би требало затоа што мислам дека ги проверват, на некои што имале еднаш прилив повеќе од минимална плата ги одбија па поднесуваја приговори
Мене еднаш во три месеци ми се префрлаат 750 евра, дали е можно ради ова да не ми одобрат? Инаку не сум во работен однос, и според правилава месечно немам приход поголем од минималната плата туку само 250 евра месечно за договор кој не е ни на мое име, туку само мојата сметка. Мислите ќе направат проблем ради ова?
Ништо чудно да направат пошто проверуваат и луѓе што добиле една плата во Јануари и после тоа не работеле беа одбиени.
Лол. Глупости! Очекуваат со 2400 месечно да се одржуваме, озбилно? Реални да бидеме нема ни за вистински оброк да стигнат париве туку се само добредојдени како минимална поддршка за студенти кои имаме премногу трошоци во секој случај. Јас пишав меил и до УЈП и на тие што се од МОН, мада не се надевам на ништо искрено туку ме интересира бидејќи реално добредојдени ќе ми беа ама океј.