1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Субвенциониран студентски оброк

Дискусија во 'Образование' започната од Dream-Girl, 1 јули 2021.

  1. BlackSwan22

    BlackSwan22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2018
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Јас кога бев прва година на студии еден професор ни рече дека имало предлог закон за студентите да добиваат одредена сума на пари за оброк,и тие пари ќе можеле да се користат во одредени ресторанти...во одреден временски период пример од 10 до 14 часот. Сега како ќе биде не знам дали ќе има одредено време дали ќе се вадат тие пари не се знае.
     
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.927
    Допаѓања:
    123.557
    Пол:
    Женски
    Се сложувам.
    Сметам дека не треба да им даваат на сите.Ако не им даваат на сите студенти,тогаш ќе можат да ја зголемат сумата за социјално загрозените студенти(на пример да биде 3000 денари).
     
    На злоба му/ѝ се допаѓа ова.
  3. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    3.522
    Пол:
    Женски
    Ќе речев подобро власта да не ги дава на тие што не му се потребни и да ги пренамени за друго ама после се сетив дека за Македонија правиме муабет. Ако им ги оставиме на државата и овие 2400ден ќе ги покрадат како што тргнало.
     
  4. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.281
    Допаѓања:
    33.451
    Пол:
    Женски
    Не знам оти ама мене ова ми се предизборни лаги со опашки.
    Дај Боже да грешам, бидејќи идејата е одлична, дури и би рекла дека се малку тие пари, особено за студенти од друг град.
    Доколку би се реализирало, се надевам дека навистина парите ќе бидат префрлени на сметка секој прв работен ден во месецот, а не како рата за стипендиите што ни пуштаа во август.
     
    На kikkki, злоба, John Snow и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Skylar

    Skylar Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    472
    Пол:
    Женски
    Ако не сум социјално загрозена не значи дека не ми требаат пари како студент.И повеќе од добредојдени се, и покрај тоа што работам.
     
    На Pixi5, Butterfly-Girl и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  6. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Ќе стимулираме како држава сите да студираат и работат во Скопје. Кој кретенизам, али народ се пали на тоа. Проаѓа кај гласачко тело.
     
  7. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    899
    Пол:
    Женски
    Зошто не треба да им даваат на сите? Зошто да не може социјално загрозените повеќе да добијат?
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  8. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    1.803
    Пол:
    Женски
    ако сакаш да ја образложиш првата реченица, не разбирам како е поврзано
     
  9. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Со стимулирање на студентите со пари (во било кој облик) од помалите места им го олеснуваш патот да живеат и работат во Скопје, а со тоа се отвораат други проблеми во подалечна иднина.
     
  10. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.281
    Допаѓања:
    33.451
    Пол:
    Женски
    Да, баш 2000 денари се доволни за живот во Скопје.
     
    На Pixi5, Butterfly-Girl, Leviosa2503 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    16.152
    Пол:
    Женски
    На кој студент не му се потребни пари :?:.
     
  12. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.826
    Најмал проблем на пренаселеноста на Скопје е тоа што идат студенти да студираат. Вооошто не е лошо да се стимулираат студентите да студираат во Скопје, најголемиот универзитет е таму.
    Проблемот со пренаселеност на Скопје е заради: што после студиите. Прво, ретко каде во внатрешноста има просперитетна работа, и да ја има платите се значително помали, а во градот буквално сѐ пропаѓа. Не знаете како е да немаш нормална клиника во градот, за испитувања да треба да одиш во Скопје. Да не можеш документ по брза постапка да извадиш. Да не вршат достава поголемите работи до твојот град. Да нема градски превоз и да има нестабилен меѓуградски превоз.Најмала причина за пренаселеност на Скопје се студентите. Никој нормален не би останал во Скопје после студии да има можност да си се врати дома или да гради иднина во поубав и поздрав град.
     
    На kikkki, ctw, Pixi5 и 15 други им се допаѓа ова.
  13. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    3.522
    Пол:
    Женски
    Имаше ете се пријавија погоре. Не дека не му требаат него дека сметаат дека е подобро да се пренаменат за друго зошто биле од градот во кој и студирале а нели овие средства за оброк ќе бидат.
     
  14. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    16.152
    Пол:
    Женски
    Па и да се од градот, не им требаат пари за книги? Па една книга да ја купиш е толку пари, зависи на кој факултет си зошто да се на товар на родителите. И не, не може секој да работи и да студира оти на секој факултетот не е боза.
     
    На Pixi5, nevermet18, Celltica и 2 други им се допаѓа ова.
  15. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    3.522
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, ама ете имало и такви.
     
  16. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Ух, солидна мерка.
    Камо среќа ние кога студиравме да имаше нешто вакво за колку - толку да можевме да си ги покриеме трошоците меѓу паузите околу snacks & coffee. Е сега, што ќе се удри по туѓ џеб за да се надокнади државниот буџет е друга прича.
     
  17. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    3.516
    Пол:
    Женски
    Од кај знаеш? Можеби ќе има опција ако сакаме да не ги прифатиме.
     
    На nextredstyle и ElenaBUTTERFLY им се допаѓа ова.
  18. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.262
    Пол:
    Женски
    СДСМ, заедно со Социјалдемократската младина креира и реализира мерки и политики за зголемување на студентскиот стандард и обезбедување на подобри услови за живот на младите во државата, изјави пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски.

    Во таа насока се и измените и дополнувања на законот за субвенциониран студентски оброк, усвоени во Собранието, по поднесена иницијатива од Социјалдемократската младина на Македонија.

    Каевски образложи дека мерката опфаќа околу 40.000 активни студенти, кои на почетокот на секој месец на сметката ќе добијат средства за субвенционирани оброци.

    „Министерството за образование и наука ќе врши исплата од околу 15 милиони евра директно на трансакциските сметки на корисниците. Измените овозможуваат корисникот на субвенционираниот оброк да може го оствари своето право кај секој еден трговец. Со ова се олеснува секојдневието на студентите, ќе се подобри студентскиот стандард, ќе се зголеми нивната финансиска стабилност и секој студент ќе може да го оствари своето право на здрав и квалитетен оброк во своето место на живеење“, рече Каевски.

    СДСМ останува посветен на мерките и политиките што го унапредуваат квалитетот на животот на младите, создаваме подобри услови за сите млади во нашата земја.



    ©Makfax.com.mk
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Колку од тие пари ќе си ги искористат за оброци, а колку за кафе шема и ново парче гардероба? Дај да не се заебаваме. Евтино политикантство. Ај, одат локални, па ќе фрламе пари. Кој ќе ги врати утре, не е битно воопшто.
     
    На nextredstyle и eliesaab им се допаѓа ова.
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.927
    Допаѓања:
    123.557
    Пол:
    Женски
    Погрешно читаш. :D Прочитај повторно.
    Велам дека не треба да добијат сите студенти,туку само оние кои се социјално загрозени и социјално загрозените да добијат повеќе.