Ама приливот што ви е стигнат сега да не е за октомври? Мислам дека од следен месец веќе нема да добивате вие што ви стигнало мејл.
Провери го постот на УСС-УКИМ, има инструкции за жалба преку мејл до МОН, веднаш испрати. И јас истото го помислив првично, но на мејловите пишува прекинато од 01.10, шо значи ни за октомври не треба да добијат пари.
Еве објавија дека проблемот бил тоа што повеќе студенти аплицирале од ист мејл (барем колку што разбрав) што малку ми е нелогично.Која будала ќе става туѓ мејл во својата апликација, наводно грешка е за мејловиве да се надеваме дека така ќе остане.
Дечаци, толку беше од оброците, а? Епа, кога не сте послушни да го гласате чика Зајко тоа ви е. Сега пазете и по автобуските да не удрат, толку им сече.
Бедни изговори. Крадавела и кидавела е во прашање, жално што студентите прво го окркаа. Дај боже да грешам, ама ако не им префрлат тие пари овие ќе нема како да дадат на вас студентите.
Ги пуштиле парите, да знаете. Е сега прашање е да не не пуштат наредниот месец, ова треба да се праша што е работата и зошто се пуштени мејловите.
Само на десетина студенти било укинато, и сите десетина на форумов се најдовте да се жалите. https://telma.com.mk/2021/11/01/мон-не-се-укинува-субвенционираниот-с/
Во МОН не се знае ни кој јади ни кој пие, се живо и диво е вработено. Воопшто не ме чуди овој циркуз. Лани, на стотици студенти им ги загубија документите за стипендии, па така тие не добија стипендии. Па потоа потајно бараа список на студенти да се направи се со цел ваквиот пропуст да не се обелодени јавно. Остај то, во тој одделот за стипендии еден не знае македонски да зборува и не можиш да се разбериш ко чоек. А студентското собрание е приказна за себе! Едвај еден мејл пишаа, да можеа и тоа немаше да го направат. Кога излезе веста за нееднаквоста во висината на стипендиите, со прст не мрднаа, една петиција не покренаа. После некој ќе ми речи, “ги застапуваат студентите”…. Yeah right.
Имаше експресна реакција, во тесно се најдоа и ги пуштија парите одма. Е сега морам да кажуваат небулози, стандард, само да има кој да им верува.
Не ни се укинати, тие 10тина изгледа биле веќе вработени во меѓувреме. Прочитав сега дека некој што работел во министерство погрешка го испратил мејлот на сите... бог да чува и да брани.