Здраво, да ве прашам. Јас добив средства за септември и октомври. Сега во текот на ноември добив средства на сметка префрлени од сметка на сметка односно од мајка ми, значи физичко лице. Сумата е над минималната нето плата. Дали мислите дека ќе ми биде прекината исплатата?
Срам ги било, ова испадна најголема измама. Си имаат критериуми за кои ќе добијаат пари, но неможат еци пеци да си играат со луѓе, мада и за џепарлак да се.
Не смеат вака да се закануваат, ако е нивна грешка, ќе си одат во банка, ќе си направат стонација како секој нормален граѓанин кој направил грешка, а банката ќе ги врати парите и ќе те задолжи да ги вратиш и ти. Не смее да те тера поради нивна грешка ти да се малтретираш.. Требаше да искочиме на протест уште одма кога почнаа да се зафркаваат со нас како им текне.
колку што знам јас резултати треба да има сега во средина на ноември, најверојатно на маил ќе пратат дали е одобрено или не
Што се дешава со бруцоши? Никаков е маил не добив, немам ништо на сметка, ниту добивам приход последниве месеци. Што не е во ред?! Значи пренервирана сум.
Апсолутна СРАМОТА. Ова е нов степен на низина. Да можев да ги згазам сите што се на високиве функции би го повторила тоа милион пати. Гнаси.
Од самиот почеток бев против ова, но не бев против самата иницијатива. Ова сé е политико за жал, и со самиот пад на владата мислам дека ќе го отстранат целосно. Зошто ти од нигде никаде да добиеш тужба за туѓа грешка би те фатило де страв, де нервоза.