Додека да ви пуштат стипендија, после ќе регистрира ујп приход поголем од минимална плата и ќе ви го укинат.
Не ми се верува тоа да е така. Сепак имаат евиденција од кого се парите, плус стипендиите месечно не ја надминуваат минималната плата. Ма да нема да ме чуди да има нови перипетии и во однос на тоа.
На тие што земале стипендии од ЕВН, МЕПСО, и други компании, не им одобрија студентски оброк. Не знам како е за тие што земаат од МОН стипендија ама секако и тие пари се пуштаат по основ стипендија исто како и овие од МОН.
Не може за секој прилив на сметка да го скратуваат студетскиот оброк. да не се во редовен работен однос; да не се регистрирани како индивидуални земјоделци и да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.
Ако вие одобрено т.е ви имаат пратено мејл мислам дека треба да ви исплатат сега во декември или во јануар. Ќе ве известат не берете гајле, важно има за земање
Хаха, нив во 3секунди им паѓа сајтот и по грешка пуштаат мејлови што да очекувааш? Ај ќе земите, важно имате за земање и вие, ви ги чуваат во сефот, од кај знаеш после наеднаш можи ќе ви исплатат за повеќе месеци хохо