Важи ај облека да не купуваме ако сме студенти и исклучиво ѓеврек и вода да јадеме. Нема од ваш џеб да земат, без грижи.
Ова е класичен начин на предизборно замачкување на очи . Вакво нешто ,многу порано требаше да се направи. Плус не знам зошто некој би бил против вакво нешто. Со оглед дека студентите плаќаат за многу работи кои не ги користеле никогаш (на пример: користење на спортска сала ), а никој од студентите не видел ниту како изгледа таа сала не пак да влезе во неа.
Супер, со здравје нека си ги трошат, мило ми е за помладите. На секој студент му се добредојдени додатни средства без разлика дали работи, се знае колку се платени работни места на непријавено ко за студенти и како врзуваат крај со крај. Па што и ако некои ги користат за шминка, облека или забава, не гледам никаков проблем и простор да ве тангира, ниту пак прави разлика тоа дали била популистичка мерка пред избори. Крајно време е да се воведат придобивки за младите во пензионерскава држава, па од кои било побуди нека е.
На какви глупости се фрлаат пари, кога може апетисани и алкохол во ненормални суми да си купуваат и да перат така пари или патни трошоци на пратеници, да се даваа пари на вакви работи секогаш ќе цветавме. Па и нека си купат парче гардероба и нека излезат. Зошто да не, тогаш им е времето за забава. Ќе враќаат истите тие што враќаат за задоволствата на политичките елити. Јас како човек што работи и ќе ги "враќа" овие пари, не се жалам воопшто за ова, повеќе бенефит гледам отколку да се стимулираат пензионери да прават гужва по автобуси. А причините ги знаеме дека е ради изборите, ама обичниот човек не ни добива нешто ако не е пред избори. Така да студенти уживајте во бенефитите.
Ами во тие месец дена децата сигурно и ќе јадат нешто, нема така гладни да останат. Еве 2400 ќе дадат од својот џепарлак за јадење, а овие 2400 од државата за облека. Кога ќе видиш, исто е. Убава е замислата. Плус јас би додала бесплатен меѓуградски превоз за студентите од други градови. Ова знам дека го има за некои градови (мислам Битола и Охрид). Покажуваш индекс и имаш попуст на автобуска карта. Возот им е бесплатен. Ама убаво би било да биде тоа на ниво на државата и да важи за сите студенти.
Ова е многу паметно. Не мора бесплатно, и попуст е ок. Јас бев на студентска размена во странство на студии и имав статус студент во визата, па имав можност да видам кои бенефити ги имаат. Заради вакви олеснувања и попусти во туристички атракции, домашните туристички атракции (не бев на некое познато туристичко место) супер беа стимулирани од студентите, за секој викенд посетувавме нешто (зборувам и јас и домашните студенти) и мислам дека е ок механизам за стимулирање и на студентите и на туризмот. Попусти за посета и карти имаат големи. Во Македонија има преубави места, јас сосема мислам дека може да се имплементира нешто слично. Сигурна сум дека има и студенти кои не одат на одмор на море, и јас бев таков студент, зошто да не им се овозможи да посетат нешто домашно.
Абе стварно има толку многу поприфатливи начини да ги трошиш парите, да инвестираш, да создаваш, отколку како што спомна некој погоре да купуваш апетисани и ова и она. Еве нека купат бе ако толку му дошло до тоа, ама нека се потрудат домаќински да ги распределат финансиите. И на крајот кога ќе видиш тоа пак е за нив и нивните деца е. Сега може не ги засега толку, ама ќе дојде време кога децата на нивните деца нема да уживаат привилегии во државата. Или може и ќе си го обезбедат животот до петто колено во некоја друга држава, ама никогаш нема да бидат свои на своето.
Така си е. А нивните деца веќе ги имаат тие привилегии и многу повеќе. Нивните деца не се деца во семејство со 2 студенти и 1 плата за издржување. Некои луѓе стварно немаат осетено колку значат 2400 денари на просечен студент од просечно македонско семејство. Па материјалите копирани да ги купиш во еден семестар се 2000, а камоли не ако мораш книги да купуваш од професорите.
И градски превоз субвенциониран им треба и други поволности. Да им олеснат да завршат студии и да заминат да придонесуваат во друга држава. Нека има секакви поволности но нека се концентрираат и на работни места заради кои младите ќе останат.
science fiction Одамна се немам возено со автобус ама знам дека картите беа и останаа нереални. Повеќе те кошта од бензин сам за кола да запалиш, што нема логика. Не само за студенти и за вработен кој патува е многу. Туку, никој не се вози од пратеници со автобус, затоа не знаат
Ретко кој студент може да си дозволи да купи кола на 20 години. Затоа секој попуст за превозот е подобар отколку да се плаќа целата сума. Финансиите се секогаш добредојдени за студентите. Дали ќе ги трошам за храна или пак за облека е сосема небитно. Треба да имаме и други привилегии, но барем се почна од некаде.
Во конкурсот кај првиот дел начин за пријавување има два линка за изјава и пријава, тие два ќе ги зачуваш и пополниш. И после ќе ги прикачиш на https://e-uslugi.mon.gov.mk/#/login каде претходно треба да си регистрирана.
Ова прикачи скенирана трансакциска сметка се мисли на картицата така? Пошто пробав со тел и апликацииве за скенирање ама многу матно ја дава па ќе си почекам во фотокопир да ја скенирам да не праќам безвезе.
Трансакциските сметки немаат код за скенирање, ова нивното ако бараат да ја сликаш или ископирана во pdf па да ја прикачиш така. Ама стварно замараат со глупости, веќе пишиш број на трансакциска и банка, нема потреба да докажуваш дека е твоја со скенирање. Пак уште и потпис бараат.
Треба да се скенира трансакциската во pdf на фотокопир и да се прикачи исто важи и за изјавите што треба да се пополнат рачно и да се скенираат. Иста процедура е и со студентските домови и упис на факс, само малтетирања.
Dali nekoj znae kako treba da se aplicira za studentski obrok?Dali treba samo elektronska prijava za ujp ili ??