1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Субвенциониран студентски оброк

Дискусија во 'Образование' започната од Dream-Girl, 1 јули 2021.

  1. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.798
    Допаѓања:
    19.208
    Пол:
    Женски
    Има конкурс.
    https://mon.gov.mk/content/?id=4174
     
    На WildMk и bluepancakes им се допаѓа ова.
  2. Sofijaaaa2001

    Sofijaaaa2001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2021
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Zdravo dechki, imam malku glupavo prasanje ama better safe than sorry. Prijavata i izjavata rachno gi populnuvame (se razbira potpisot ama samata sodrzina)? Se povrzano so finansiite i studiite sum prijavuvala online, od apliciranje, prijavuvanje predmeti, i razni drugi gluposti, i toa sekogas bilo cisto online, direktno populnuvanje na web, bez posebni prijavi i nivno skeniranje. Malce glupavo ama koga nemam iskustvo so prijavuvanje za raboti od mon ili drzavni institucii, ne sakam da zaebam nesto
     
  3. kokodaki

    kokodaki Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    385
    Може ли некој да ми објасни што значи да се скенира трансакциската ? Ако немаме картичка за банкомат, тогаш би требало да скенира договорот со банката? Дека сите банки не даваат пластифицирани картички на кои ти ја пишува трансакциската сметка
     
  4. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    Не се скенира картичката за банкомат. Ако немаш пластифицирана картичка тогаш договорот скенирај го.
     
    На kokodaki му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.978
    Пол:
    Машки
    На мене ми кажаа на мејл може и картицата да се скенира доколку ја пишува трансакциската смекта на неа но јас ја скенирав и ништо не ми се гледа буквално тој таму очи ќе отупе и сега ќе одам утре во NLB банка да им побарам нешто за да скенирам пошто немаат такви пластифицирани картици.
     
    На kokodaki му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.978
    Пол:
    Машки
    За тие што користите електронско банкарство можете да прикачите и вака во полето за скенирана трансакциска сметка , се јавив и ми кажаа може нема проблем (ова е за НЛБ каде што нема пластифицирана картичка). Јас направив screen shot со програмата LightShot после го конвертирав во PDF и го прикачив вака, од таму ми рекоа нема проблем. Трансакциска.png
     
  7. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Документите мора да ги исфотокопираме дека бара личен потпис така? И после скенирани со апликација да ги прикачиме во ел. пријава?
    Првпат аплицирам на нешто од МОН, чудни им се аплицирањава искрено. :rofl:
     
  8. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.978
    Пол:
    Машки
    Јас така направив , можеш и да ги исфотокопираш пополнети а да оставиш само празно за своерачен потпис или само да ги исфотокопираш празни, да ги пополниш и потоа да ги скенираш и да ги прикачиш така.
     
    На Sofijaaaa2001, Reina.Gitana и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  9. BlackSwan22

    BlackSwan22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2018
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    So koja aplikacija se skeniraat ne mi se jasni tie raboti :lol:
     
  10. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.978
    Пол:
    Машки
    На скенер се скенираат , можеш и со телефон ама полош е квалитетот малку така. Најдобро да отидеш до некој фотокопир да ти средат.
     
    На BlackSwan22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Andrej1311

    Andrej1311 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Машки
    Кој не би сакал додатни 40е? Веќе кога решиле нешто да дадат на толку украдени пари... Ја не гледам зашто би ги одбил.

    Они нека пратат пари на сметка.. Наше е на што ќе ги трошиме, битно нека капе по нешто.

    Колку ме изнасмеа текстов. Ептен се залагаат за студентите.. Дури 40е месечно ќе ни давале, и да не ги заборавиме еднократните картички за купувам домашно.. Исто така и ветувањата за тие 100е од семестар од лани што беа.. Можеби имаше уште нешто..

    Дали е битно за што јас ќе ги трошам парите? Не. Они нека ги дадат на сметка и нека уживаат.. И така ова еднаш се дешава на секои 10 години, да видиме колку ќе трае само, да не биде до пола година и после неаме пари.

    Не знам за другите.. Ама за 40е месечно тешко да ме купат. Плус.. Имаше претходната година ако памтам добро исто така ветување за 100е по семестар као помош, не ја видовме... Еднаш дадоа картичка купувам домашно што мораше да ја потрошам у продавница а не да си ги извадам парите и да ги трошам како сакам и толку, за колку години на власт 2 мерки донеле.. Ептен се укршиле од работа, али затоа кога е нешто за нив можат колку и каде сакаат да трошат.

    Не да им се чудни.. На 16 места ставаш трансакциска и они па ти бараат скенирана... Немаат тачно упатство за документите дали треба само да се напишат податоците у Word и да се смени у пдф фајл или треба ја да испечатам, да пополнам, па да скенирам.. До толку ги мрзи да кажат на прост и едноставен начин.. Тоа видеото кај нив на фб, тој закачува документи а не ни покажува на кој начин се пополнети.. Можел да се потруди барем пример на непостоечки лик да напише. Верувам да направеа опширно видео со примери на пополнети пријави, изјави и скенирани ствари немаше да има толку прашања.
     
    Последна измена од модератор: 4 август 2021
    На ElenaOfRivendell, Dream-Girl и Sofijaaaa2001 им се допаѓа ова.
  12. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    1.458

    За жал има ботови и помеѓу студентите, на кои во критериумите за кого ќе гласаат е значаен и овој сегмент. Тие се наши пари само прашање е на каков начин повторно ќе дојдат до нас и дали ќе дојдат. Така да овие мерки се минимално нешто со кое може да бидат опфатени и студентите. Зошто баш пред избори се донесе мерката? Зошто не се сетеа порано на студентите? Власта очигледно оди со онаа проверена тактика. Ги опфаќа со мерки претходно таргетираните групи во општеството кои ќе им донесат гласови. Ги опфаќаат студентите, пензионерите,земјоделците и невработените. Ако се грижат за овие групи од општеството нема да се сетат на нив само пред избори. И многу повеќе треба да им се помогне на студентите, ама првин треба да се направи добра теренска анализа и да ги консултираат и студентите за тоа што би требало да се промени и какви мерки би требало да се донесат.
     
  13. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    11.921
    Пол:
    Женски
    Како ставивте електронски потпис во апликацијата за субвенциониран студентски оброк кога аплициравте?
     
  14. Sofijaaaa2001

    Sofijaaaa2001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2021
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Потписот мора да биде рачно. Сите други информации (како името, матичниот број, итн) можеш да ги пополниш електронски, но потоа документот мораш да го испринташ, потпишеш и скенирани (дали на фотокопир или со апликација на мобилен) да ги прикачиш на ел. пријава
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sofijaaaa2001

    Sofijaaaa2001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2021
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Незнам дали само мене вака ми испадна ама ја пополнив апликацијата, се тоа така убаво, ги прикачив пдф фајловите, и аплицирав. Добив нотификација дека апликацијата е валидна но кога кликам да ја прегледам, кај пдф фајловите се уште стои "choose file". Кога кликам преземи, ми се спуштаат, но ги нема на самата апликација. Пробав 2 пати плус пак да ги прикачам, реков дај боже можеби нешто сум утнала, ама се по исто
     
    На Ivka~ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.077
    Допаѓања:
    26.850
    Муабетиве за предизборни манипулации... Тоа може кај пензионери да запали, кај студенти да ги залажеш со 2.400 тешко. 99% ќе си ги земеме парите и ова ама баш ни на крај памет нема да ни е да гласаме заради тие пари. Да беа 240.000 денари па да се замислам.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.715
    Допаѓања:
    269.092
    Пол:
    Женски
    Како направи за нлб оти немаме ел банкарство.Само картица каде ја има трансакциската.Треба картичката да ја сликаме па во ворд да ја ставам па да ја конвертираме во пдф?И ова со скенирањево ич не ми е јасно.
     
    Последна измена: 4 август 2021
  18. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.978
    Пол:
    Машки
    Така е кај сите.

    Ако под името и презимето ти ја пишува трансакциската сметка само оди во некој фотокопир и скенирај ја , автоматски они ќе ти ја стават во PDF и после скенот само ќе го прикачиш таму каде што треба. Но ако на картицата не ти ја пишува трансакциската тогаш ќе одиш до банката и ќе побараш да ти дадат договор од картицата на кој го пишува твоето име и бројот на трансакциската сметка и тој лист ќе го скенираш и ќе го прикачиш.
     
    Последна измена од модератор: 4 август 2021
  19. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.715
    Допаѓања:
    269.092
    Пол:
    Женски
    Фала
    Да под името ја пишува тр.сметка.Од нлб е
     
    На Larson му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.978
    Пол:
    Машки
    Тогаш само да ја скенираш картицата немаш проблем (секако провери прво дали се гледа пошто кај мене е жолта картицата и малку имав проблем околу ова , чисто да си сигурна дека тие од таму лесно ќе ја видат)
     
    На mareane му/ѝ се допаѓа ова.