Јас само скрин шот направив од бројот на трансакциска сметка од електронско банкарство, пишува таму име и презиме, матичен број, број на трансакциска сметка и уште нешто, не скенирав ништо.
А тоа скенирањата на документиве од фотокопирница ќе ми ги пратат на мејл? За да ги имам в комп. па при аплицирањето да ги прикачиме Знам глупи се прашањава ама немам искуство со ел.пријави...и вакви внесувања .
Симни си CamScanner апликација на телефон и скенирај ги сама, самата апликација ти ги конвертира во пдф одма.
Од трансакциската само предната страна ли треба? На задната кај мене има само печат од банката, логично ми е да не треба тоа.
Здраво на сите, во полињата каде што пишува прикачи пријава и изјава, каде може да ги најдеме тие документи?
https://mon.gov.mk/content/?id=4180 На овој линк на 2-то прашање во одговорот ги имаш линковите и од таму можеш да ги симнеш.
Немав трансакциска, ниту дебитна картичка (сега наполнив 18, но сега ќе бидам прва година на факс). Од банка ми кажаа дека може да ја користам картичката/трансакциската сметка од Купувам домашно.. Се зачудив затоа што мислев дека картичкава не работи на банкомат.. Е сега да се распрашам ли во друга банка, или да поднесам со оваа картичка штом ми рекоа од банка дека може. Малку е смешно прашањево можеби се извинувам
Имам отворено трансакциска сметка, така ми кажаа од таа од купувамдомашно. Затоа што се уште немам дебитна, а ми кажаа дека ќе ми биде готова за 10 до 14 дена, каков договор треба да земам од банка за да го прикачам на Мон? Договор/копија од трансакциска сметка?
Не може ли само да се напише електронски име и презиме? Мора да биде рачен потпис? Ме мрзи по топлово да идам да копирам затоа
Дали мора да бидат скенирани пријавата, изјавата и трансакциската сметка? Јас ги испечатив и рачно ги потполнив, ги сликав и така ги прикачив, не знам да не е проблем.
Епа добро истите слики ќе ги скенирам со CamScanner и ќе ги сменам, се надевам нема да е проблем да се променат во истата пријава.