Здраво, мене за оброк за април ми пуштија, а за мај не, дали е можно поради тоа што имам запишано празен семестар, бидејќи поради тоа не ми дадоа да ја продолжам слободната во јсп. Ако знае некој нека ми пише, ви благодарам!!!
Не би требало да е заради тоа, ако претходно ти стигало за минатите месеци значи нема врска што си запишал празен семестар. А за слободната треба 2 предмети да слушаш за да ти ја продолжат...ако немаш ни еден не ја продолжуваат
Значи само уште за мај и јуни ќе исплатат? За јули нема? Не е фер бе... Во декември платија иако беше цел месец со испити. Да не осиромашат случајно?
Колку што разбрав треба да добиеме уште два оброка. А стипендија дали некој знае? Уште една треба или две?