Затоа што ни требаат парите и не е 1ви туку 11ти. Не кажаа од вторник натаму, туку од понеделник и најверојатно понеделник.
Уште нема ништо, редно е студентските здруженија да реагираат, како не им е страм денес сме 12 ти, не е некоја сума преголема, за 1400 денари не маткат пола месец, а на некој баш им требаат тие пари, да, не е голема сума али ќе се подмири некој минимален трошок
Од универзитетското студентско собрание УКИМ ни трага ни глас за проблемов, резил! Наместо секој изминат ден да вршат притисок нив никаде ги нема, сигурно по одмори заминати.
Овој месец стварно се претера, има студенти на кои стварно ке им бидат од помош тие пари. Нели почеток на месец требаше, за минимална сума си играат со нас, нив може им е смешно за толку пари па кога тогаш ама стварно на некои од нас менуваат.
Како што напишав ќе испадне , минатиот месец на 6-7 овој на 14-15 ако не и во август да ги пуштат... срамотилаци ко божем 500 евра ќе пуштаат. Ова чим со ваква нередовност исплаќаат од наредната година уште похаос ќе е.
Ааа не, од септември лани имаја кажано дека секој ден ќе пуштале по смешни 120 денари што ќе можело само за храна да се искористат. Тие еднаш во месецот одвај пуштат, а не па секој ден. Брука се
Знам дека малку летам со мислењево ама дали може некако да се буниме за наредна година парите пак да се даваат вака, да не се по 120 ден дневно. Сега не знам колку е точно некои велат дека тие 120 мора да ги потрошиш денот. Сепак зависи мнозинството студенти како сака. Може има некој начин да се реагира, сепак ние сме тие што ке ги земаме парите и треба да излезат во пресрет на нашите потреби. Крај краева и онака тие истата сума на пари ке ја дадат, само начинот е дискутабилен.