Ако годината што помина ти беше последна од факултетот и имаш уште еден испит за јануари дали можеш пак да аплицираш за оброк?
За стипендија не, ама за оброк мислам дека те следува затоа што тие добиваат список од запишани студенти од факултетите, а не колку предмети си запишал или што уште ти е останато. Сепак уште имаш статус на студент
Кои документи се потребни за да се продолжи стипендијата и студенскиот оброк? Ве молам доколку знае некој да ми потенцира, од МОН гледам нема ништо.
Од каде тоа дека на ново треба да се аплицира кога веќе еднаш сме го добиле (зборувам за мене) поарно ќе беше само потврда за новозапишан семестар да се достави до МОН и онака се проверува дали сме вработени или не посекако никаде тоа не им бега нив....
Па така имаше на Студентарија. А зашо треба така не знам. Пошо мотото е ,,зашо да е просто кога може да е сложено”