е зошто сакаат да не малтретираат и нас и сами себе, тие пари пример некој можеби ги користел да плаќа семестар, не ми се допаѓа оваа идеја со одредени ресторани, не е фер, можеби некој спрема од дома оброк, во кој ресторан може човек да јаде за 120 ден? Нема никаква логика
Ако направат да се користи 120 денари во одредени места, сериозни се? Каде би се искористиле тие 120 денари? Се е поскапено. Нескафе само да се напиеш е толку, а да не зборуваме за оброк. Да, ако е така тогаш нека дават и за викенд, затоа што најголемиот дел од студентите не студираат во градот каде живеат, па за викенд не се дома. Некој тие пари за семестар си ги чува затоа што нема секој да плати наеднаш 6000 или 12000. Ако го менат ќе биди хаос, затоа што ќе треба да даваат картици на кој ќе ставаат секој ден по 120 денари, и да се искористат истиот ден. Тие одвај на сите ни исплаќаја навремено. Некој и покрај исполнетите услови не добиваше. Во ек на економска криза каде се е покачено тие си играат со нас.
Со тие 120 денари одиш само сок да купиш. Големион оброк. "Intelligence so low that calling it 'sub-brick' is perfectly accurate."
Први октомври, а се уште ни трага ни глас. Уште потрагичен е ставот на владата дека оброков бил помош за време на пандемијата, а цените се повисоки од било кога, стипендиите се никакви и студентите немаат никакви попусти и/или бонови во било кој угостителски објект во градов и државата. Притоа, УСС при УКИМ го прогласувам за умрено! Еден период као ептен заангажирани беа, “се бореа” за правата на студентите… Важно тие си избраа нов претседател и состав пред речиси еден месеци и нѐ известија дека “се фаќале за работа”, а фала богу ни Р од работа не сме виделе. После кога ќе биди предоцна за било какви промени откако ќе почни студиската година, ќе се надеваат за подобри услови в година.
Немаат пари во буџетот, ова со хакиран сајтот и чекањето за усвојување на измените се само изговори. Тешко нас што чекаме од оние кои ја доведоа државава до состојба на хаос, мизерија, корупција и постојано да позајмуваат странски кредити за да ја наполнат касата која ја испразнија со крадење, одмори, скапи ручеци, вечери и што уште не.
Дечки, од сигурно инфо ќе има оброк, ама нема да се реализира на истиот начин како минатата година. Значи нема да можете да ги подигнете парите и да ги трошите на што сакате.
Како да се пријавам за субвенциониран оброк за студенти?Кои документи требаат и каде да се достават?(сигурно пријава за редовен студент треба?)
Ако е така требаше до сега да има, ако е ограничено на секој ден од понеделник почнува академската година, кога ќе се пријавуваме, кога ќе одобрат, кога ќе се реализира...мизерија невидена се, поарно нека речат немаме средства и ич нека нема ништо...