Не оставија гладни. Последна надеж е за до нова година. Најжалосно е што не ни даваат никаква точна информација и не ставаат во неизвесност. Можда и не учат на штедење и трпеливост.
Ова се е со умисла да се пролонгира законот,да се изгубат средствата за да исплатат што е можно помалку и подоцна да ја префрлаат топката позиција-опозиција и vice versa.Не е логично ниту еднаш МОН да не излезе со некое соопштение кое што ќе е официјално и нема да е гласина од социјални мрежи или медиуми преку трети лица.Срамно и се надевам дека ние младите како дел од општеството со најголем потенцијал ќе размислиме уште еднаш дали сакаме нашата иднина да биде во оваа држава,во овој систем на вредности кои се што чини и вреди го потиснува и уништува.
Од неофицијални извори средства за октомври и ноември нема да бидат исплатени оваа година, конкурс дали воопшто и ќе има како тргнале.
Никакви права и поволности немаме како студенти во државава, особено ние што ни стипендии не земаме. Нема ни олеснителни part time работи за студенти, ни попусти како во други земји ако си студент, ни ништо. Еден оброк се даде и тоа кратко траеше. Пензионерите имаат повеќе добивки што ги уживаат, ние како студенти сме најутепани. Толку ситна пара нејќат да ја исплатат, а за јадење скапа храна и превоз по влада се има пари.
Група студенти собиравме петиција за студентски карти, за сите оние кои не се од Скопје, ни рекоа дека тоа е голема инвестиција, зашто имало студенти од многу градови...не баравме бесплатен превоз, туку цените на картите да се вратат како пред кризата
Зависи за кој град. Еве ја може да кажам за Куманово, 170ден е еден правец, месечна карта е 5000ден, нема никакво олеснување што сме студенти, нема повратна карта, тотално ништо.
Воопшто не им верувам на нив веќе колку пати објавија за оброкот и испаѓа false alarm.Оброкот е во клиничка смрт.
Додека поминe на дневен ред и читање, па гласање, па дур се објави во сл. весник и стапи на сила ќе дојди нова година.. Дури после нова година ќе објават конкурс, па додека аплицираме ова она пролет ќе дојди.. Не способни
Тогаш џабе му е да се мачат сега за малку пари. Сите студенти што зависат од тие пари досега сигурно се снаоѓаат. Големо не фер е за сите.