Ако е како што потенцираат за секој ден да стига сума што само тој ден можи да се искористи, нема да исплатат за октомври и ноември
Не знам, прочитав различни работи, дека ќе се спроведувало како што и првично било планирано, на 16ти ќе го гласале во сообрание законот па ќе видиме што ќе испадни
Имаше погоре негде пратено изјава во која пишуваше дека исплата за октомври нема да има, а за ноември не се знае.
Не земам оброк веќе дека дипломирав ама ја отворив нешо темава зашо ми требаат информации на други и... Ова да не се поединечни услови? Да не мора СИТЕ да ги исполнуваш или? Зашто да, вака ќе нема кој да зема.
Не знам зошто, но сметам дека не ми е баш веродостоен скриншотот. Исто, барав линк, но нема. Колку да се крене галама е ова. Сè уште среда (16ти) не дошла за седница, луѓево одма со дезинформации. Ко да се хранат со тоа.
Ако е вака, субвенционониран студентски оброк ќе земаат само социјални случаи, бидејќи критериумите за оброк се исти како тие за социјална помош..
Па според предлог измените на закоков, така испаѓа.. Фактички со последнава измена со минималнава плата, само ранливи ќе земаат.. Тоа е, луди се овие..