Имам претчуство дека ова без протести нема да се реши, и тоа обемни. Студентски домови крш, автобуси на секои 3 часа, закани со бомби, и уште ова требаше? Ма да се запали цела држава, барем да се знае.
Кокошкава зимала по 1000 денари ВО ДЕН. Ме интересира дали секој божји ден патува од Охрид до собрание? Значи секој, и викенди и празници?
Плус им следува стан со платена кирија и сметки во Скопје, не мораат да патуваат цело време.. Онде кај железничка, цела зграда имаат за нив, сите си имаат посебен стан на располагање како пратеници..
Ништо чудно вакви промени да воведат и за другава стипендија што вака доцнат.. Има ли некои новости за промени во критериуми за стипендијата од 6000 што е ? И искрено не ми е гајле ако не ја добијам оваа за оброк. Една да добијам ќе ми е доволно. И друго тешко дека ќе можат да се променат овие новиве правила, кога тие по своја глава без обзир на нас што мислиме ќе одлучуваат.
Треба за сите да е еднакво. Што има врска ако некој родител зема над просечната? Ако се бориш бори се за сите да е еднакво, секој што носи статус студент да зема...
Повторно се поврзуваат примањата на родителите како услов за оброк на студентот и тоа од наша страна ... Со доза на резерва гледам на преговорите на УСС . Како претставници на сите студенти , кои зборуваат во име на сите нас на тој состанокот се надевам ќе се борат за оброк за секој студент , како што беше првиот закон.
чекајте сега .. навистина треба да имаме 80% од испитите положено? ја да имав би зела стипендија ... сега ни оброк ни стипендија и ова со примањата на родителите не знам зошто има врска.. значи само тие што имаат социјални услови ке земат пари , ја од денес одлучив дека нема да дозволам моите деца да се понижуваат вака во иднина, нема да ми ја види фацата оваа држава само да дипломирам и чао
Сметам дека, без разлика на финансиската состојба на семејството, студентите МОРА да имаат некои финансиски бенефиции, особено оние шо студираат на државните универзитети. Освен бесплатен градски превоз во Скопје и ете нешто шо се издејствува со попусти во фитнес центри и билети за театар ПАК во Скопје, друго ништо нема! Каде се попусти во ресторани, пекари, кафетерии, продавници за готова храна? Една менза нема вон студентските домови шо би им служела на студенти.
Мислам дека сите овие релевантни точки треба исто да бидат напишани во коментари на фб страницата на Универзитетско студентско собрание - УКИМ. Поефективно од овде.
Оти недајбоже да ти останат одвишок пари па да си се подновиш со некое парче гардероба. Студент мора строго леб и паштета да јаде и со еден пар панталони цело студирање да го помине, све друго е луксуз. И претходно имаше вакви коментари демек аа па студентите ќе иделе по кафиња, по бутици со тие пари, никој нема да руча со нив. Ете дома ручаш со твоите а со парите од оброк купуваш книги/облека. И? Шокур има врска дали е така или обратно ? За тие што не се од Скопје плус плаќаат за превоз и студентски домови што се распаѓаат од мувла.
Колеги ништо нема да се добие пишувајќи по форуми сите замерки,предлози најдобро да ги напишете на страницата на УСС на фејсбук.