Се им е договорено унапред со студентското собрание, барем мене така ми мириса Ќе го протнат законот како што е наведено во предлозите на студентското собрание. Не знам зошто ама имам чувство дека ова не е случајно, баш како и другите работи во државава. Ќе биди пробавме, се изборивме, а тоа што е предложено е дискриминирачко. И да земаат родителите над просечна плата, многу од студентите не живеат во Скопје, идат од друг град. Некои имаат и по двајца студенти. Се е поскапено од сметки, сместување, јадење. А каде е тука и литературата што секојдневно се набавува? А ако работиш пак нема да те следи оброк. Предлогот искрено воопшто не е во корист на студентите
Студентите во други држави се движечка сила и се во состојба цели градови да превртат наопаку кога е во прашање одбраната на нивните интереси. А кај нас се пасивни и се прилагодуваат на секоја негативна промена затоа што политиката секаде има замешано прсти. На криминална власт и одговара пасивен и напатен народ. Колку посиромашен, толку помирен. Они нека лапаат по бифеата во влада и собрание специјалитети по смешни цени и покрај огромните плати а за студентите со нула примања ќе нема по еден оброк. Е ќе нема затоа што скапаните политичари треба да ги полнат нивните грди усти со златни лажици. Жалосно е воопшто да се направи споредба каков живот имаат студенти во нормални држави а каков нашите. Се дур нема кој да ве организира и без страв од никого на улица да си ги побарате правата ќе ви го скратат и она малку кое го имате.
И мене така ми изгледа со УСС. Си модифицираат и преговараат како шо нив им одговара. А ако имаш САМО 79% од испитите положено, тогаш не заслужуваш ни корка леб.
И Даниела Колева се повлекува од амандманот a нејзиниот потпис како предлагач на овие амадмани стои. Кој кого лаже овде?
Мижи Асан да ти баам. Можеби немаме сите огромно познавање од политика и закони, ама па немаме ниту IQ 20. Ептен се безобразни, особено оваа Колевска сега шо продава пуфки, а експресно го тргна тагот кога беше јавно повикана.
Каква манипулација значи се прави.. Од една страна предлагаат закони а од друга страна се прават невини. И Жаклина Лазаревска пишала "до прва ќе се носи заедничко решение" а потпис на овие амадмани ставила. Се си мислам дека тоа шо го објави УСС ќе биде донесено, само шо УСС го испуштиле тоа 80% од положените испити, по се изгледа тоа ќе остани.. Пак ние во загуба ќе сме, само очи ни мачкаат за да се стиши ова.
Извини ама само учењето бара енергија, а тоа се добива од јадење. Во спротивно отиде се во неповрат...
И точка 3 и 4 е променета, добро е во целава ситуација што барем има дебата и дијалог меѓу нас како најзасегнати , многу студенти искажаа незадоволство од претходниот став на УСС , сепак прифатија забелешка и се корегираа, Сега најважно е обединети сите студентски собранија да не претставуваат во Понеделник .
Мене уште едно прашање ме мачи… Зошто од УСС не правеа притисок, овие работи да се решат пред почетокот на учебната година? Туку тек сега, откако се донесоа вакви ужасно формулирани предлози, среде семестар, одлучија да се активираат. Благодарение на нивното “навремено” активирање, се отвараат дупки и можности за неисплаќање на средства за изминатите месеци итн.
Не правеа ништо бидејќи ништо не се ни знаеше ако добро памтиме, така? Вчера-завчера почна сѐ ова.И ете, УСС реагираше
Точно, не се знаеше дека ќе има вакви критериуми, ама ССО постои веќе од лани. Кон крајот на летото веќе имаше шпекулации дека планираат ако не да го укинат, да го модифицираат. Арно ама од УСС… штурци. Баш тогаш беше вистинското време да се притисни, за да се дознаат повеќе информации и шо планираат овие недоветните за да навремено се преземат мерки и активности…. ама кај нас не се знае за “превентива”. Прво мора да се оплеска работата, па после да се поправа, а тоа е така оти знаат дека речиси сѐ можи да се протне, па да си пробаат де.
Човек дали да плачи дали да се смее. Со вакви муабети пред нивни очи испаѓаме студентите лакоми за пари. Сега на вести кажуваат отворете на сител.
Студентите лакоми за пари? Смешки, станува збор за минимална сума, што ако ја даваат секој ден 120 денари, ете нека се и 140 не ти стига за ништо, според нив тоа е лакомост? А да не збораме што барем 2 пати во ден треба да се јади, има некои јадат и повеќе, али да не ни мерат наредно со колку пари можи да се наполни желудникот? Лакомост е нивните пари за измислени патни трошоци, сите седат Скопје, а си штанцаат како секој ден да патуваат, јадат на висока нога во ресторани на државна сметка....Ама не, студентот е лаком за пари, за едни помочани 2400 што можи да се купат основни работи затоа што се е поскапено
Студентскиот оброк е добар, но мислам дека може уште да се подобри. Добро би било повеќе да се зголеми. Студентскиот оброк да се зголеми двојно за студентите кои потекнуваат од невработени родители, самохрани родители, самите тие се лица со попреченост и социјалните случаи. Да се одземи правото на студентски оброк за лицата кои доаѓаат од семејство каде по лице имаат надпросечна плата (Пр. ако просечната плата е 10 илјади и ако едно семејство се состои од 4ца, без разлика дали се деца итн., и вкупните приходи се 44 илјада, тогаш по лице испаѓа 11 илјади, т.е. тие добиваат надпорсечна плата по лице). Се надевам еден ден студентите од нашава недојдија ќе имаат барем нормален студентски живот, а ние тешко дека еден ден ќе го добиеме. Едноставно немам зборови за нашава држава!
Во секоја нормална земја за студентите има разни бенефиции. Во нашата земја што има за студенти, што?? Какви лакомости не пишувајте вакви работи.
Ептен е смешно како кукаме оти младиве у Македонија не можеле рано да се осамостојат ама кога треба да им овозможиме бенефиции, гледаме у ФАМИЛИЈА какви се условите. Нели, може сака тој студент да се тргне на страна ама чекај чим ти е богата фамилијата, нема што државата да те тимари. Ако у фамилија се 4ца, родителите треба да зимаат по 1000 евра плата за да дојде секој со просечна која е 30000 отприлика. Башка што просечна плата многу погрешно се пресметува. Само неколку професии ја креваат просечната иако голем дел зимаат помалку.
Iskreno, generalno samo decata od bogatite lesno mozhat da se osamostojat (i najcesto istite toa go baraat). Apsolutno ne e isto da si SIROMAV i da si BOGAT!