Бројот на дебитната картичка не е трансакциската сметка. Еве кај мене се различни. Трансакциската би требало ако не на посебна картичка, да ја пишува во документ од банката што ти го дале кога си ја отворила сметката.
Не, треба трансакционата, не дебитната, не можи да ја содржи, ако не ти дале онаква картичка каде ти ја пиши, сликај ја од листот од договорот
Брат ми си изваде лист од нлб каде пишува негово име и презиме и бројот на трансакциската. Го скенира листот и го прикачи. А баш се мислевме дали тој лист да го прикачиме или слика од картичката.
Од нлб картичката се слика бидејки сметката ни е таму пишана јас и за сгтипендија и за оброк со години така си аплицирам со сликање на таа картичка
Знам дека друг е бројот на трансакциската, а друг број е бројот на картичката. Проблемот е што мене не ми дале и немам друг документ освен картичката и договорот кога отварав сметка и ми издадоа картичка. Знам во други банки имаат како посебен документ. И затоа ја скенирав самата картичка без да е видлив бројот на истата туку само на трансакциската. Епа на самата картичка двата броја ги содржи и трансакциска и број на картичка на НЛБ. Не се сетив на договорот но лани вака направив и немаше проблем. А инаку после 3 ти декември би ни пратиле на мејл, дали е одобрено? Исплата којзнае кога планираат, на средина од месецот ако е добро ќе е.
Аааа епа добро, не знаев дека така даваат мене од банка не ми дадоа картичка со трансакциона само договор каде ја пишува...зависи изгледа до банките. Иначе да после 3ти декември ќе пратат дали ни одобриле, али дур да ги разгледаат сите не ми се верува дека до 15ти ќе стигни оброкот не се толку ажурни
Здраво, дали ќе биде валидно ако за оброкот испратам скениран документ само со телефон но да биде во боја а не црно бело? И дали ако сменам нешто во апликацијата односно ажурирам истата ќе се важи?
Како аплициравте луѓе, електронски пополнувате и само потпис рачно, или се рачно треба? Инаку електронски ми се пополнати мене па се прашувам дали грешам или не само ако потписот ми е рачно или да ми стои електронски скратено нека ме подучи некој
Цело време истите прашања, не се ни трудите сами да побарате.. Прочитај на претходните една/две страни.
Ако ти смета моето мислење немора да го цитираш, дел од нас се студенти со голема диоптрија и неможат рандом да вртат по страници, подобро ќе беше мислењата каде што пишувало да ги цитираше отколку да цитираш што некој прашувал можеби е досадно тоа е точно но има студенти што дупликат гледаат све и видот им слабее секојдневно па не се како тебе ти секое мислење го читаш па може да го споделиш или воопшто не цитирај ничие мислење, поздрав.
Јас пополнувам рачно и го скенирам со апликација и од слика го претворам во pdf, али мислам дека не прават проблем како е пополнето, барем минатата годона не правеја