Мислите дека би ги пуштиле средствата до 15.12? Со оглед на тоа дека до 5ти/6ти Декември се аплицираше, мислам малце потешко.
Изгледа тешка работа тоа.Тие дали и наредна недела ќе се смилуваат да ги прегледаат апликациите па да препратат кај сите мејлови дали се прифатени или одбиени. Добро ќе беше до 15 ти да исплатеа, сега барем до нова година да се надеваме дека ќе им текне да пуштат.
Се заќутеа некако, од оброкот ни трага ни глас.Значи дно се, срамота и греота. Ни ги виделе апликациите, ни мејл да испратат, а камо ли исплата... Оф бе, ако чекаме на нив, тешко нас...
Кај никој уште не е ни прегледана апликацијата они нема ни до средина на јануари да исплатат како што ми се чини.
Можеби треба да ги бомбардираме со мејлови за да почнат да работат. Стварно не се фер. Секое сабајле станувам и отварам аппликција на телефон да проверам случајно да не исплатиле. Нит стипендија нит оброк.
Кај се сега делегатите што беа на договор да изреагираат. Тие се договорија, нека си извршат притисок
Пола од тие делегатите што ги видов тогаш на сликите се партиски овчички од владејачката гарнитура. Се` тоа беше да се замачкаат очите, ама ај, поверувавме дека може не е така. Тоа беше да се дигне фама само и да се сликнат, демек видете, одма ги решивме проблемите. Пратеници од СДС исто така ги ставаа истите слики од Собрание заедно со студентите и пишуваа дека успеале во рекордно време да се договорат за студентски оброк.
Кај дел од студентите се уште не се прегледени апликациите од стипендиите кои се продолжени.Креваа глас,одеа по средби колку да ја фасадираат вистинската реалност.Сите исполнуваат нечија агенда а студентите ќе мизеруваат.
Спојлер Не е до смеење работава ама ајт.Нека се гонат. А да не му го дале на Маричич оброкот па го изел и сеа си ќутат? Греота е дечкото нека земе нека јаде, нешто ко подослабнат ми се виде на ТВ...
https://vecer.mk/makedonija/studentite-nema-da-dobijat-po-160-denari-za-obrok/ Власта нема да им даде по 160 денари за студентски оброк на студентите. Денеска Собранието го одби предлогот на дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка да се носи предлог-законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк.