1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Субкултури во Македонија

Дискусија во 'Мода и стил' започната од princessofthedark, 4 јуни 2010.

  1. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    Ме интересира што мислите за субкултурите во Македонија? За готиците, металците,емовците (оние вистинските, не модерните), даркерире и.т.н. Како гледате на нив и на нивниот начин на живот, колку тие се распространети низ Македонија, колку се прифатени?! Мислам дека нема ваква тема па би било интеррсно да подискутираме малце :)
     
  2. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    ^^Не сум ја приметила темава затоа нема никакво мисење...
    Јас емовците, даркерите, готиците и што ли да се ги сметам за обични луѓе. А знам некои што ги избегнуваат луѓето со поразличен стил, божем биле глупави, не се во тренд со модата, а не знаат дека некој може истото да го вели за нив. Јас како што кажам немам ништо против нив, во друштво имам и готици и емовци, а јас најверојатно ќе да сум рокерица...Па којзнае што викаат за мене...А и не ме интересира.
    Сите ние сме различни, да бевме исти, немаше да ни биде интересно, вака..секакви луѓе, со најразлични стилови...Секогаш гледаме нешто ново, ново...Секој со свој стил.
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.657
    Пол:
    Женски
    Па што знам, немам некое посебно мислење... тоа обично се тинејџери, ретко некој повозрасен сум видела да фура некој таков стил, иако ги има. А тинејџерите сеуште се бараат себеси, својот стил, уште се во некоја таква фаза на себеоткривање, па веројатно и затоа подлегнуваат на влијанијата од пријателите и околината, ги следат светските трендови (тоа е барем полесно денес поради глобалната мрежа популарно наречена интернет) во музиката, облекувањето, однесувањето. И обично одбираат да прават онака како што прават сите во друштвото да не се двојат од нив. Музиката е таа која дефинира како ќе се облекуваат, макар што има и такви кои следат некој стил чисто заради мода, а не слушаат ништо од музиката чиј имиџ го фураат. Како и да е, сметам дека можеби тоа им е и некој начин на бунтовност, одење против некои правила наметнати од општеството.
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Можда ова што го болдирав си мислела само за емовците, ама јас си го рачунам за сите, пошто според мене НЕМА вистински ни металци, ни што ти знам. Како што рече Ана чинам, тие се тинејџери кои се уште се бараат себеси и сметам дека е тоа некое влегување во филм од кој ќе излезат кога ќе преминат во зрелата фаза.
    На страна од тоа дека ми сметаа, напротив. Луѓе како и сите други.
     
  5. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Не би се согласила со ова! Јас имам 20год, рокерка сум веќе неколку години, а дечко ми има 24 исто како и мене е рокер,па и металец повеќе :) Си носи долга коса и не верувам дека некогаш ќе ја скрати. Тој што стварно и во душата ја сака таа музика, го сака тој стил на облекување нема да се смени! Јас никогаш не би излегла облечена по најнопва мода и потпетици со кој што можам да паднам! тоа го правам само во посебни прилики што значи најмногу 4 пати годишно! Не се осеќам дека сум јас ако носам нешто што не ми прилега на стилот и на вкусот!
     
  6. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Ако некој има долга коса, маица од Doors и искинати фармерки не мора да значи дека e хипик. Облеката не секогаш го прави човекот.
    Не знам што да напишам, ќе речам - секој со свој стил во свои години.
     
  7. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    Дефинитивно ги поддржувам луѓето со сопствен стил, тоа е нивно право како ќе се облакаат, така се чувствуваат, тоа е нивни стил на живот, го носат тоа и во себе, а не само облеката.
    Греота е колку се дискриминирани во нашава ни држава, колку се "напреку" гледани и исмејувани од униформиранине "типци" и "типки". Лично не припаѓам во ниту еден стил, си имам свој сопствен и ми пречи тоа шушкање и "опасни" погледи кога ќе излезам :worried: Но, сето тоа се вика менталитет (кој барем во Скопјево е мизерен)
     
    На NoirSerpentine и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  8. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Секој со свој стил.Поддржувам и почитувам ако си стоиш на свој став и не те интересира кој што мисли !
     
    На blaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    јас знам рокерка што има повеќе од 35год....можеби не е до толку, ама сепак е рокерка :D
     
  10. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    148
    Не се согласувам дека е само период, исто и мм цел живот по истото, и знам дека ако се сменам нема да бидам јас.И да секако дека поддржувам, имаме пријатели кој што се веќе по 40 години па се металци. :D
     
  11. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    1.841
    Пол:
    Женски
    Темава е почната на времето кога имаше остатоци од ваквите. Сега уште толку многу се намалени.
    Гледам дека по темава се измешале многу работи и стилови.

    Повеќето кои го сакаат овој стил имаат притисок од општеството да се променат. Не е дека сите го „надраснуваат“, туку едноставно се осудувани. Среќа, во последно време гледам дека почнува малку да се излегува од тоа мислење дека секој мора да биде така и така облечен исто како што почнаа да ги прифаќаат и тетоважите. Наше е дали ќе бидеме истрајни и нема да потклекнеме под притисок да личиме на сите бидејќи нашиот стил е поинаков. Не само за облека, за све. И не само за „субкултурна“ облека, туку општо.