Сува диета

Дискусија во 'Диети' започната од Lilit, 27 декември 2013.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.014
    Допаѓања:
    154.506
    Сувата диета е радикален начин да изгубите тежина која се состои од делумно намалување на количеството на вода кое го внесувате. Оваа диета трае 5 дена и за тоа време можете да намалите и до 4 кг.

    Со сувата диета количината на вода која ја внесувате треба да се ограничи на 5 дл вода дневно. Диетата е безбедна доколку се спроведува краток период, (но никако не смеете да си ја дозволите во летните денови!) бидејќи таа содржи големо количество на овошје и зеленчук кои содржат течности.

    Предностите на оваа диета најмногу се однесуваат на спортистите и на жените кои се борат со масните наслаги, бидејќи на овој начин се намалуваат.

    Иако се покажало дека сувата исхрана е штетна за здравјето доколку се применува подолго од пет до седум дена, оваа диета може да даде одлични резултати ако се спроведува точно и кратко.

    Пример за исхрана за еден ден

    2 шолји од било каква каша, готвена без сол, шеќер и масти

    300 – 400 г салата од зеленчук, без масло

    400 – 500 г овошје

    100 г сирење / 100 г посно месо / 1 шолја млеко или јогурт

    една средна, варена риба

    За време на диетата не смеета да јадете солено, слатко и димено и генерално се препорачува да не јадете многу.

    Најголемата маана на оваа диета е краткотрајниот ефект.

    Интересно за оваа диета е тоа што постои и Источна верзија, која е уште поригорозна, а која се сведува на буквално 5 до 7 дена јадење само интегрален варен ориз и пиење 2 – 3 шолји зелен чај. Макробиотичарите велат дека оваа диета освен што ги намалува килограмите, прави и интензивна детоксикација.
     
  2. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Океј ми стои диетава,се внесува се што треба,ама пречи малата количина на вода.Значи со пиење би внесувале 500 мл вода и плус со тврдата храна се внесува од 350-400 мл,тоа малку вода е.Ќе напраи проблем со организмот,иако кратко време се држи.Поарно место оваа,3 дена на чаеви и природни сокови,па таква детоксикација.