450 мислам дека беше, не повеќе од 500 ден. Сега има и 20% попуст на Мустела по аптекиве, можно е и поефтина да ја најдеш. Едит: еве ја во Ани Фарм https://www.annifarm.com.mk/product/mustela-пена-шампон-за-теменици-2/
Фала ти, ќе барам...кај нас се потсмири ама уште ја имаме ама не е како корупка туку како сува кожа...се надевам ќе се среди со ова
Да прашам, мустела пена и јас купив за бебето, само после 2 миења не падна баш се и само се чеша малиот, треба ли откако ќе го измијам со пенава, да премијам после со мојот нормален шампон, нивеа бебешки?
Да. Се нанесува пред бањање. И моето имаше корупки и му купив масло на Фризидерм. После 2 миења му ги снема. Нанесувам 1 час пред бањање, па чешлам да паднат, го бањам и пак чешлам.
Ama frizidermot e ulje, normalno deka treba so shampon posle, a mustelava e sampon pena, mislam deka samo po sebe e dovolno. Ne znam ni jas vekje ☺️☺️
Јас ставав у шампонче мустела откако ќе ја одмиев пената. Ама правев така бидејќи само на еден дел и беше сува кожата па само таму ставав од пената.
Јас само со пената мијам, не ставам друг шампон после неа. Темелно одмивам со вода на крај. Мојата нема такви лушпи, туку ко првут и забележав и земав пенава на Мустела. Одма исчезнаа, ама да не ја фрлам џабе ставам уште
Мајки помош на бебето во главчето се појави како сува кожа како корупчиња и во челото Со што да мијам и како? Објаснете ми ве молам. Иначе користиме мустела шампон
Теменици ништо страшно. Купи масло на фрезидерм за теменици од зегин, околу 400ден е, земи си бебе чешле и четка одат во пар. Мачкаш 30мин пред бањање на суво главче и додека го бањаш чешлаш лево десно нанапред наназат убаво неколку пати. Измиваш, шампонче мустела па миеш. На крај чешлаш со четката. Може ќе треба неколку пати бањање за скроз. Можеш и со некое масло друго мрсно, што смее не знам кокосово, ако ова ти е многу скапо ама нас најефикасно ни се покажа. Земав и на мустела за теменици многу послабо ги чистеше.