Сува кожа на телото

Дискусија во 'Тело' започната од misslove, 10 мај 2010.

  1. misslove

    misslove Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Е па би сакала да ве прашам за сувата кожа на телото како може ова нешто да се промени :D кои креми ги користите? И дали по природен пат можете да добиете посјајна кожа на телото?
     
  2. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    310
    PIj mnogu voda, isto taka vo banja, stavas nekolku lazici maslinovo maslo, i nekolku kapki esencijalno maslo od lavanda! Toa e dobra kombinacija za hidratiranje i smiruvanje! Pozzzzz
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.128
    Пол:
    Женски
    Мислам дека потребно е повеќе течности да пиеш,во текот на денот,доволно е три пати,по две-три чаши вода,пред легнување,ти кажувам затоа што јас така правам,пијам вода многу,како некое водно жапче сум и немам никаков проблем со кожата,веќе долго време не е сува,без разлика дали користам спреј за тело,а пак поретко користам млеко за тело.Сепак секако треба да се внимава на исхраната,која има големо влијание врз нашето здравје и изглед,тоа е природниот пат за да се подобри состојбата,да не е сува кожата.Можеш и да користиш креми,но незнам точно какви креми,бидејки не користам,си кажав што користам претходно,но како сметаш дека е правилно,така прави.
     
  4. ForeverYoung

    ForeverYoung Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    58
    Пробај користи некои помрсни лосиони или путер за тело на пример.Или пак во лосионот можеш да додадеш бадемово масло.
    И како што ти кажаа и другите повеке течности внесувај.Друго чаре не верувам дека има. :)
     
  5. misslove

    misslove Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Ви блаааааааагоодараааамм многуу :)
     
  6. mari4eEe

    mari4eEe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    12
    :D Bekutan maslo za telo( ulje) :)
     
  7. purple.world

    purple.world Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    7
    И јас имам проблем со сува кожа. Кога пијам вода ми се подобрува само кожата на лицето,
    а на телото не приметувам подобрување :^)

    Користам млеко за тело кое што е погусто за да ја омекне кожата, потенките кремови не помагаат многу.
    Имам користено и Бекутан-масло за тело, убаво е, ама мирисот не ми е привлечен,
    само за дома го имам користено ;)

    Други совети ако има некој да каже, што се користи за сува кожа нека пише.
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.166
    Допаѓања:
    69.271
    Пол:
    Женски
    Имам претерано сува кожа на телото, што ми е во зима поизразено, сега не толку. И нема што немам пробано, од маслиново масло до разни лосиони, гелови, млека за тело, путер итн... и знаете што ми беше најефикасно? Млеко за тело Елдена од КАМ, 99 ден. е 500 мл.... неверојатно е! Кожата ми е помека, понежна, не ми се лупи, не ме чеша... далеку помалку чувствувам сувост отколку порано.
     
    На sleepingbeauty му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bershka

    bershka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Лупење на кожата на телото

    Кажете некој лек против лупење. Се лупам кај градите. Помооош ?! :angel:
     
  10. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.459
    Користи помрсен крем. :wasntme:
     
  11. Street.chic

    Street.chic Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2010
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    24

    Da, i jas go imam koristeno ova mleko za telo, stvarno mnogu meka ja pravi kozata......
    izbegnuvaj hidratantni losioni posto mnogu brzo se upivaat i isto kako da ne si koristela losion... 8)
     
  12. Heidi

    Heidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    95
    Мој предлог е во млекото за тело што го употребуваш да додадеш бадемово масло и една ампула витамин Е, тоа го има во секое млеко за тело за сува кожа, па дополнително количество може да ти помогне.
    Јас имам сува кожа, особено на рацете над лактите и нивеа млекото за тело ми помага, ама сум слушнала за ова елдена дека било мн слично, па може да пробам и така да не давам толку пари..
     
  13. bootie

    bootie Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Jas imam golemi problemi so suvata koza na teloto koja e najmnogu izrazena na laktite i kolenata. Me sram letno vreme da izlezam na kusi pantaloni ili bilo sto bidejki premnogu se poznava. Aj so bese samo suvata koza, se mackav so sekakvi gluposti no sega od skoro mi ispadnaa nekoi fleki, i bev na kozno ama demek moralo taka oti suva koza. Inace najdobri kremovi za suva koza se EUCERIN ! Tuka se skapi da gi kupis, mene tetka mi mi gi praka od stranstvo.. non stop gi koristam i sega ima edna nova, mislam deka se kupuva so recept, francuska e se vika Trixera+ . Imam probano sekakvi masti, no ovie dvete se najmnogu korisni. :)
    [mod-kirilica:3jxy74xk][/mod-kirilica:3jxy74xk]
     
  14. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    5.682
    Пол:
    Женски
    јас имам сува кожа на рацете и користам еден бугарски крем Дева се вика. од шумско овошје е многу убаво мириса и ја навлажнува кожата на рацете. Не е многу скап околу 50-60 денари е.
     
  15. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.484
    Имам многу сува кожа на телото. Со години користев Нивеа млеко за тело која ми ја правеше кожата мрсна но не хидратирана. Последниве години користам Дове сапун за туширање и млеко за екстра сува кожа и сум презадоволна.
    Последниот пат во Грција сосема случајно во Масутис видов едно млеко за тело, ГР производ. Цената му беше 5Е за 500мл, ми се допадна миризбата па решив да го купам. Лесно е за разлика од Дове, веднаш се впива во кожата која станува мека и влажна. За сите со екстра екстра сува кожа, искрено ви го препорачувам.
     

    Прикачени фајлови:

  16. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    1.055
    Мене во последниве година-две многу ми се исуши кожата, ми се лупеше многу колку и да ставав млека, масла и триста чуда.
    Елдена млекото за тело ми помагаше единствено ама многу е тешко за нанесување па решив да го пробам Елдена лосионот и презадоволна сум, лесно се нанесува, ефтин е, и кожата ми е мека и не ми се лупи воопшто.
     
  17. brida

    brida Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    постои една помада НЕВЕН се вика, ја има во зегин, не е воопшто скапа, а верувајте нема нешто подобро за премногу сувата кожа.. :)
    случајно пред неколку години ми ја кажа козметичарката, и од тогаш не ја менувам за ништо..
    само да не ве збуни 2 различни поими се и различни пакувања, а истата фирма.. едното е НЕВЕН КРЕМА, а другото НЕВЕН ПОМАДА... кремата го има истиот ефект како и сите врвни хидратантни креми, а помадата е правиот производ, затоа шро ја прави целата кожа еластична и е по густа, по необична на изглед и допир
     
  18. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    449
    Маска од банана – за сува кожа
    За подготовка на оваа маска потребни ви се:

    -1 банана
    -Половина шолја јогурт
    -2 мали лажички мед
    Бананата првенствено убаво ќе ја здробите, потоа ќе додавате полека од јогуртот и на крај ќе го додадете медот. Смесата мешајте ја околу 5 минути, додека не се добие еднаква содржина и медот не се разнесе добро. Оставете да делува на вашата кожа од 15 до 30 минути, потоа измијте се добро.

    Извор:notformen.mk
     
  19. AwesomeGirl

    AwesomeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    115
    Ова е за сува кожа, 200 денари е.. Многу е добро!
     

    Прикачени фајлови:

  20. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.086
    Јас имам сува, најсува кожа на телото, исто и на лицето, сува коса, и суво грло нонстоп!

    За телото најдив лек, а тоа е најдобрата НИВЕА.
    Лосионот го купив смешни 2 и пол евра од Лидлот во Грција, летово.
    Кога ја видов цената, одма грабнав 3 лосиона, само моите имаат по 400ml.
    Почнав да го користам во август, а сега сме скоро февруари, а јас сум при крај на првиот лосион, а само него го користам после туширање, па видете сега.
    За колку многу ми помага, нема потреба да зборувам, стварног о препорачувам на сите со сува кожа.
    Лосионот трае и трае се до следно миење, ветувам!

    [​IMG]
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.