Јас имам премногу проблеми со сува кожа на нозете, односно подколениците уште од мала. Нешто ми е и генетско уствари, али зимно време кожата изгледа како распукана површина и ништо не ми помагаше се до пред една недела. Имам пробано половина од работите што ги споменавте погоре, но ништо немаше ефект. Сега си земав од алкалоид маслено средство за бебиња и после три туширања веќе ми е подобра кожата... КОНЕЧНО Испадна дека уствари омега масни киселини ми фалеле за кожава, а не вода, витамин Е и се останато
Кога ми е сува кожата јас користам млеко за тело,значи не лосион за тело,туку млеко,бидејќи е погусто и подолго време се задржува,има разлика. А за сувите места како лактите,колениците и петите употребувам и една маст од невен,како глицеринска.Е не секогаш,само кога ми се ептен суви.А читав дека кожата е многу сува кога фали цинк,така да треба да пробам да внесувам повеќе цинк.
Може ли да ми препорачате млеко или лосион за тело, за ултра- супер сува кожа... Преку лето немам проблеми, ама како почнува ова ладно време, ми треба нешто "помрсно" за да ми ја навлажни кожата...
Јас имам умерено сува кожа по телото, а досега најдобро ми одговара лосионот Eldena од Кам маркет, во бело шише.
Рецепт за да се ослободите од сувите раце и испукани пети Испуканите раце и пети, грубите делови на кожата и грозните криви нокти сега може да ги излечите за само неколку денови. Упатете се до најблиската аптека и купете глицерин и медицински алкохол 70%. Промешајте ги состојките во размер 1:1 и мешавината ставете ја во кутија од стара крема. Наутро и навечер мачкајте ги рацете, нозете и сите критични места каде што кожата ви е сува и груба. Резултатите ќе бидат видливи по околу 10 дена! Преземено
И јас го имам истиот проблем...овај период најмногу ми помага Еldena млакото за тело од КАМ, или Garnier млекото за сува кожа во црвено паковање. И двете имаат речиси ист ефект, но Елдената е многу поисплатлива
Здраво за сува кожа спас се маслата, како на пример бадемово. Не само што фантастично ќе ти ја нахрани кожата туку го спречува и појавувањето на стриите. Се нанесува на благо навлажнета кожа (после туширање кога кожата е сеуште малку влажна) и се мачка на телото. На тој начин се упива побрзо и не остава масна трага на облеката. Поздрав п.с. секако доколку сакаш ефект плус помешај во бадемовото масло и некое етерично масло (лаванда, портокал, јасмин...во зависност од твојот вкус).
Кoжaтa нa нoзете ми е првут буквaлнo. А кaј нoсoт ми се лупи oд сувoст a и челoтo ми е сувo. Не секoгaш ми се суви и oбрaзите. Сo бекутaн уље е дoбрo нo зa телoвo. Штo дa oрaвaм сo лицетo, штo дa кoристaм,кaкo дa гo негувaм?
Со оглед на тоа што кажа дека имаш проблем со лушење на кожата на лицето еве ти мои предлози: 1. Др. Хаушка од роза која е фантастична особено за ова ладно време. Според мене многу ќе ти помогне во омекнување и хранење на кожата. Мислам дека е 1100 ама моментално има 20% попуст во Зегин. 2. Logona крем за сува кожа со алое и маслиново масло. Мислам дека беше околу 500 мкд. 3. Lavera крем за сува кожа кој е идеален за хранење и хидратација. Цената не ми текнува го гледав во ДМ ама мислам дека не е повеќе од 700 мкд. Се надевам ти помогнав. Поздрав.
Кожата околу брадавиците на градите ми се лупи имам проблем со егзема дали е можно таму да се префрли?
ja mn suva koza imam na nozete ( plus shto ne gi izlozuvam na sonce beter) letoska stavav kokosovo maslo i kozata kako na bebe mi bese
Мене млекото за тело од Бекутан ептен ми помага. Инаку имам ептен сува кожа и на лице и тело поготово во овој период од годината, но често ставам од млекото за тело на Бекутан и добро е кожата ми изгледа хидрирана.
И јас имам проблем со сува кожа на телото скоро преку цела година ама во зима е најизразено. По туширање не можам да замислам да не користам млеко. Бекутан е добро, но потребна ми е поголема количина за навистина да ми ја омекне кожата... Можеби треба да користам некое помрсно.