Лично мене, лосионот за тело од Балеа со УРЕА многу ми одговара. Нема мирис но, одлично хирдрира. Особено погоден за овој период од годината.
Против сува кожа на телото ми препорачаа да користам крема со уреа. Која ми ја препорачувате? Колкава треба да е концентрацијата на уреа во % и дали може да има некои несакани ефекти од подолго користење?
Кај нас сум сретнала од 5% до 15% уреа во производи за кожа. Од 10% па нагоре уреата има и дејство на ексфолијант. Како поевтина опција е лосионот за тело од Балеа со 5% уреа. Имаше едно време и со 15% уреа од Балеа, ама одамна не сум го видела тој. Можеш да прашаш во ДМ. Од поскапите опции има од Еуцерин со 5% и 10% уреа лосиони и од La Roche-Posay мислам дека има со 5% уреа лосион. Убаво би било и за измивање на телото да користиш гел со уреа или масло за туширање.
Мене ми предложија некоја крема со 40% уреа и се зачудив да не е многу тоа, не се разбирам баш. Но таа се ставала само на најсувите делови...
Мене крема за стапала со 5% уреа не ми помогна за стапала, така што мислам дека е во ред тоа што ти кажале 40% само за најсуви делови (стапала, лакти, колена), а за остатокот можеш да користиш помал процент.
Го користам млекото за тело од Нивеа од кокос. И претходно кажав дека е преубаво ја негува кожата ама кај мене во последно време кожата баш на половината ми е сува и со што и да пробав и по мачкање со кремови, масло, ми се перути ми е сува. На цело тело ми е ок, мазна и негувана, а овде е многу сува. Ај што е сува па и многу чеша. Ни во бременоста не ми беше вака. По туширање секогаш се мачкам со млеко за тело, никогаш не користам агресивни гелови, на половината и околу стомак секогаш ставам повеќе од потребно ама ете овде кожата не ми е доволно хидрирана. Со кокосово масло уште повеќе ми беше сува. Шеа путер исто не ми помогна. Најверојатно треба да ставам некое масло, некаде читав на Еуцерин било добро, дали тоа со црвеното капаче шишенце, дали има некој искуство. Па не мора баш ова да е, може и некое друго само да помага.
Eucerin 10 % urea го користам скоро цела година и не го менувам за ништо , кожата ми е како свила . Имав проблем со сува кожа и откако го користам лосионот кожата ми е преубава ,вреди за секој денар .
Пробај го прво од балеа со уреа млекото за тело, јас имам пресува кожа и само тоа ми е спас. Се мачкам секој ден и Еуцери не ми е исплатливо, а и да видиш прво дали ќе ти одговара уреата.
да ти пдговорам за маслото од еуцерин со црвеното капаче, јас не сум воодушевена, земав еднаш 2 по цена на едно некоја акција, ако скапичко, ама не е нешто wow за мене.
Тоа со црвеното капаче е од pH5 линијата. Наменето е за сува и чувствителна кожа. Одлично е. Инаку имаат и гел со 5% уреа, би требало и тој да е добар. Планирам да го пробам понатака. И од Балеа има и масло за туширање и гел со уреа. И тие сакам да ги пробам. Ако има некој искуство со производиве нека пише искуство.
Нешто ќе ве прашував, имам проблем со кожата на подколеницата. Имено, го користев црвениот пилинг од кој што ми помогна за едната нога но другата не. Само мислам се влоши повеќе. Така да ако некој знае што е ова и како се третира би сакала да ми каже што да земам. Спојлер: Слика
Здраво девојки. Имам проблем со сува кожа.На рацете нема што не сум пробала буквално и од други држави сум нарачувала и пак ми се суви,ме печат,ме чешат,крв ми течат а сега и нагоре од раката ме фаќа исто како лиши.А сега и со телото имам проблем,користам со години фелче азура со нула проценти,но веќе и тоа не ми помага имам брунки ситни,па пробав други гелови и уште повеќе се нафрлив.Некое чаре за рацете и некој гел за телото значи повеќето работи ги имам испробено затоа се обраќам овде.
Ова е еден од најдобрите кои ги имам пробано. Со портокал и чили а има и со мирис на орхидеа/ Спас за многу сува кожа на телото и рацете