Сува кожа

Дискусија во 'Лице' започната од velesanka, 27 ноември 2009.

  1. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    1.536
    Имам 18 години и имам сува кожа. дали некој има вакво проблем и кои лосиони против акни ги користите бидејки јас се што сум пробала дополнително ми ја суши кожата.. исто така коа пудро го користите на вашето лице?
    позз
     
  2. elanor

    elanor Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    421
    Пол:
    Женски
    и јас имам сува кожа која е плус и чувствителна така што сум се изнамачила додека најдов што се и одговара а што не на мојата кожа. само да те прашам - дали имаш акни? дали имаш чувство на затегање на кожата? имаш ли црвенило?
    те прашувам за да знам отприлика што би ти одговарало.
    верувај најдобра крема е детска витаминска од галафарм, меѓутоа ако имаш акни не би ја препорачала затоа што е мрсна. млада си и не мора сеуште да го замараш лицето со некои тешки креми. ќе има време и за тоа. позз
     
  3. christina

    christina Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Jas imam 28 i imam suva koza,i navistina mi beshe problem da si najdam soodvetna krema.Ti preporachuvam LOREAL-HAPPYDERM,go reshava i problemot so akni.Toa e poevtino,okolu 400 denari.A ako sakash poskapo,ti preporachuvam LANCOME.A toa tie extra krema,ama e okolu 3000 denari.POZDRAV.
     
  4. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    1.536

    па ми се појавуваат на челото но кои и лосион да го ставам дополнително ми ја суши кожатa :(
     
  5. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    1.536

    а дали е тоа сигурно крема и за тинејџери?
     
  6. elanor

    elanor Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    421
    Пол:
    Женски
    на челото ако се појавуваат акни многу зависи и од фактот какви шишки носиш - значи обиди се да не носиш шишки кои го покриваат челото за да може да дише кожата (и јас сум имала такви проблеми кога бев тинејџерка). плус и геловите и лаковите за коса можат да ја иритираат дополнително кожата.јас сепак мислам дека се уште си млада за да употребуваш козметика за повозрасна кожа, а тоа и дерматолог би те советувал. најдобра крема за лице е обичната детска витаминска од галафарм-ем ја храни кожата ем не е агресивна. лосионот за лице кој што ќе го користиш не смее да содржи алкохол затоа што алкохолот ја суши кожата-обиди се со лосион за сува и чувствителна кожа од нивеа. во случај да се е многу агресивно за твојата кожа најсигурен избор е еуцерин-тоа е медицинска козметика, ја има по аптеки. кога си по дома ослободи го челото, исчисти го и намачкај го со она растворче против акни од орифлејм со чајно дрво (сум пробала се и сешто тоа е најдобро ако тука и таму ти излегува по некоја "интелигенција") :D :D :D
    во секој случај за што и да се одлучиш секогаш внимавај да ја храниш кожата затоа што на сува кожа брчките порано се јавуваат (за жал :( ). и не ја оптеретувај кожата со триста работи особено не со препарати за повозрасна кожа - сега се убаво пакувани артиклите така што има старосна граница на нив.
    и уште нешто-еднаш неделно ставај маска за да ја нахраниш кожата - добра е онаа со мед од нивеа, за две употреби е едно пакување.
    извини вака што се распишав :ugeek: ама сакав да ти помогнам :oops:
     
  7. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    1.536
    фала многу на советот.. можеби ке биде најдобро и да ги сменам малце шишките.. оти тие ми го прекриваат челото..
    позз
     
  8. Nikolinana

    Nikolinana Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    11
    Јас цел живот имам сува кожа, посебно кога е поладно почнува да ми се затегнува и пука, имам 24. Мојот спас јас го најдов во колекцијата на Нивеа Висаж за сува кожа (розевата серија). Користам се од таа линија, од течниот сапун за лице-пилинг, кој го чисти лицето и во исто време ги отстранува уништените суви делови од кожата. Веднаш по миењето кожата добива повеќе влажност и веднаш ја ставам кремата за сува кожа. Кај мене ова дава прекрасни резултати, но исто така битно е ако користиш пудра, да најдеш пудра која е полесна и по влажна, немој да употребуваш тешки пудри, а посебно немој камени пудри. Исто така потруди се да пиеш повеќе вода, но немој да претераш 2л вода дневно е доволно, поздрав :D
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    75.057
    Дечки ај да ве прашам нешто...
    Јас имам нормална,на премин од годишни времиња,знае да ми се испурјачи,па да се промеша,некаде мрсно,некаде суво,некаде нормално.
    Е сега муабетот ми е овој...зимно време кожата на носот ми се лупи,изгледа шарена,сува,матна(нема здрав сјај кожата) и нееднаква (не е страшно,страшно,ама од близу се забележува)а од друга страна пак ми се појавуваа црнки,па ако употрбувам повеќе хидратантна или мрсна крема,се влошува состојбата со црнките.Во зима правам пилинг еднаш неделно,ставам маска која што се лупи да ги исчисти порите,едно време ставав и зелена глина,ама не знам зошто престанав и хидратантна витаминска маска,секој ден го чистам лицето со хидратантен тоник без алкохол и користам хидрантна крема гарние наутро и навечер,розевата со ружика на неа,може некој ја знае и сепак нема ефект...смачено ми е да ми се лупи носот и пудра да ставам лупеници се познаваат или мазни,изумрени делови кожа кои и покрај пилингот не ги снемува,туку им треба време сами да почнат да се лупат.
    Некој предлог,совет?!
     
  10. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.250
    И јас имам сува кожа...за жал :x Многу ме нервира кога ми се лупи,посебно сега во зимскиот период. Би ти советувала да правиш пилинг само кога мораш,пилингот дополнително ја лупи кожата.И само на местата кај што ти излегуваат црнки деловите кои се претерано суви избегнувај ги.Што се однесува до маската 1-2 пати неделно е препорачливо,ама купи си некоја добра хидратантна маска(со бадем,авокадо,витамин Е) која ќе и ја даде потребната влажност на кожата.
     
  11. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.670
    Исто и јас имам премногу сува и проблематична кожа.Имам само 13 години и уште од мала ми е таква кожата дури и накај 5-6 години почнаа да ми се појавуваат црвенила кои ме чешаа и кога отидов на лекар ми рекоа дека имам хроника атопика.Правев и алерго тестови,одев по тревари,ставав мастови.Меѓутоа ништо не помогна.Мислам дека се се реши кога добив менстуација.Меѓутоа по одреден период се поврати и сега имам само на раката едно црвенило.Сеуште го сметам како проблем и кога бев мала дури имав и по рацете и на грбот и ми беше непријатно да одам во маичка.
    За сува кожа во зима ми се љупи меѓутоа најубаво решение и природно е секоја вечер да ставаш облога од чај од камилица и се мачкам со бебешка крема која што е по мрсна пред да излезам некаде и пред спиење и подобро ми е лицето. ;)
     
  12. Vega

    Vega Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    21
    розевата крема од гарниер е катастрофа само тоникот е ок(според мене и сите мои другарки ;) ) пробај со кремата за дехидрирана кожа од колин мене ме спаси таа за цел живот ...ја има по козметичари и можеш да земеш тестер да ја пробаш..за на зима е супер против сушење и лупење
     
  13. Ripka

    Ripka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Јас имам сува кожа ,али пред неколку години почнав да ги користам производите на Хемел кои се сосема природни и ги задоволуваат потребите за сува кожа, понекогаш и не ставам секоја ноќ , наутро лицето ми е супер и сега ми е сосема убаво лицето :up:
     
    На Hova му/ѝ се допаѓа ова.
  14. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.199
    Допаѓања:
    2.521
    Пол:
    Женски
    мој совет е Nivea soft i dove обичната бела крема за лице чуда прават
     
  15. Tuttifruti

    Tuttifruti Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Купи вазелин, има со невен и е 50 и нешто ден. јас имам сува кожа, затоа купив и сум задоволна. А бидејќи ми се појавуваат и акни понекогаш (посебно пред да добијам) ќе купам Young derm креми за дење и ноќе бидејќи не ја сушат кожата :)
     
  16. em4eCrazy

    em4eCrazy Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    :( i ja imam isto suva koza imam isprobano mnogu kremi i pak se vrativ na BECUTAN :| a inaku za pudro probaj go tecnoto pudro na SEVENTEEN mene mi e super :)
     
  17. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    1.536
    фала го купив и навистина ми одговара
    позз
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.202
    Допаѓања:
    69.672
    Пол:
    Женски
    А да пробате со витамин Е како масло (го има во аптеки) и измешано со А-Д капки?
    Маслото ја суши кожата, не ја мрси ( и јас мислев дека ја мрси, ама денес дознав дека не било така)...
    и јас ќе пробувам, пошто имам стварно никаква кожа зимава, образите суви, со лишаи, а Т-зоната нешто помрсна ама пак со лишаи и нонстоп ми се лупи, да не може човек на лице ништо да стави :(
     
  19. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.670
    Annath и мене ми се случуваше истото.Истото нешто со А-Д капки во бебешка крема со невен и виамини ми го препорача и кожниот лекар меѓутоа и даваше свежина на кожата одреден период,но пак се враќаше кога ќе излезев надвор.Сега ставам еден мевлем направен од аптекар доколку сакаш можам да ти напишам број и да порачаш по 2 мачкања забележав промена сега лицето ми е потпоно чисто . позз
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.202
    Допаѓања:
    69.672
    Пол:
    Женски
    Ај дај бројот... па да видам како ќе биде... немам што да изгубам, во секој случај...