Рано ти е за Q10. Мислам дека немаш потреба од многу производи, сува кожа не трпи тоа. Доволно ти е некоја нежна пена/гел за измивање на лицето, мицеларна вода за сува кожа за чистење на шминката, хијалуронска киселина и хидратантен крем. Тоа за навечер. Наутро само со вода, хијалуронска, па крем со спф.
Мицеларна вода не би вклучила пак. Но не знам дали да го пробам овој млечен лосион за чистење шминка. Во што да ја најдам хијалуронската кислена? Мислам крем, серум, маска? леле ќе полудам, за пена за чистење секаде пишува за масна кожа и дека дава мат ефект
Оваа пена е за сува и осетлива кожа. Јас шминка порано вадев со органско ладно цедено кокосово масло и вода на тупфер, сега со мицеларната вода на Оливал, таа е за сите типови на кожа. За водоотпорна шминка го користам двофазното средство, исто на Оливал. Анат ти пратила линкови за хијалуронска киселина, се става на навлажнета кожа, па врз тоа оди хидратантна крема. Можеш да ја пробаш и хијалуронската на Ревокс, има пристапна цена, а не е лоша. Јас Сатва не би ставала на лице, покрај толку голем избор на производи во моментов.
Здраво, имам проблем со сува кожа, секогаш кога станува ладно на некои предели од лицето ми се лупи кожата од што ми е сува, бев и на дерматолог меѓутоа освен пари што дадов ништо за возврат не ми се подобри, па доколку имал или сеуште има проблем како мојот па наишол на добри производи би ве замолила да ми препорачате фала ви.
Си пробала да користиш пантенол крема? Навистина помага кај сува кожа. Јас ја купувам Мivolis пантенол кремата, ја има во ДМ и е стотина денари. Во зима ми е идеална, нема подобра. Ако немаш на располагање ДМ маркет, можеш и онаа класичната да ја земеш од аптека, на Галеника е.
Јас имам сува кожа склона на акни, комбинација бомба! Неможам се да користам за хидратација бидејќи може да ми предизвика акни, секаква крема ми е страв да нанесам а кожата сува сува...
И кај мене е слична ситуацијата, кога користам креми повеќе ми се прават мозолки, кога користам лосион ми се лупи кожата претерано многу, буквално не можам крајот да им го најдам
Користете козметика за да третирате акни, а после и да хидратирате. Идејата е да не се става маст за да диша кожата, некој полесен крем би бил идеален.
Dodeka bev bremena kozava mi bese sjajna. Od ko se porodiv, dojam, mnogu mi e suva mi se perutit a ne osekjam suvost. Preporacajte mi nekoj krem za suva koza za lice nekoj od koj ste bile zadovolni
Во рутината да вметниш серум со хијалуронска киселина, ќе го нанесуваш на влажна кожа после миење и после тоа лесна хидратантна крема. За крема, кажи ми дали имаш проблем со масла општо во креми или не ти толерира лицето? Евентуално, можи наместо хијалуронска киселина, серум со Инулин од Тру Алхеми.
Може ли да користам хијалуронска киселина?? Јас ја сакам искрено но не бев сигурна дали можам да ја користам, поточно мислев дека е само за позрела кожа. А обично знам дека е природна и многу убава за нега на кожа. од кремчиња само едно погодив а тоа е ноќен крем во тубичка од балеа за многу сува кожа. брзо впива и не е многу масно така што не ми прави проблем со акните, не ми ги намножува. Имам уште една дневна на балеа витаминска Ц витамин за секој тип на кожа колку за освежување денска,но не ми хидрира онака само моментално да го освежувам лицето а Ц витаминот не дозволува акни да се множат. Е сега за акните незнам каква реакција би имала хијалуронската киселина со нив реално незнам што да правам, таман ми поминале, други искочиле. Од ситните акни имам и понекое со средна големина. Немам премногу но ги имам низ цело лице што многу ме грдеат на образи, на чело.околу усните,на веѓи
Без гајле, хијалуронска киселина можи да користи било кој без разлика на тип на кожа или возраст, но особено е добра за комбинирана и сува кожа зашто одлично хидрира доколку се применува соодветно. Во однос на акните, да знаеш дека можи да ти се и од витамин ц, некои форми на витамин ц знаат да предизвикаат иритации и акни особено при контакт со сончева светлина. Можеби за акните ти треба некој гел за чистење на база на салицилна киселина или евентуално тоник со салицилна како овој: https://bellina.mk/p/1055/skin-solutions-tonik-so-salitsilna-kiselina-protiv-akni-200-ml.
фала ти душо ќе ги пробам овие можно е од прашина,од загаден воздух итн.. Две години веќе како се мачам со акниве
Предложете ми нешто за многу сува кожа кон атопична, имам и уртикарија... Која крема или што да користам? На цело тело и лице имам премногу сува кожа
Кожата како зимово никогаш не ми била посува. После туширање цело тело ме чешаше, буквално не можев да заспијам. Никогаш не верував од масно лице летно време, дека ќе купам нешто за многу сува кожа. Едното е за миење лице и тело, другото крема за тело. Нешто најдобро што сум купила. Вреди секој денар...