1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сува кожа

Дискусија во 'Лице' започната од velesanka, 27 ноември 2009.

  1. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.044
    Допаѓања:
    9.820
    Пол:
    Женски
    Мене за сува кожа ми помага вазелин. Секаде каде што имам сува кожа се мачкам.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    13.044
    Пол:
    Женски
    Вазелин е смрт за сува кожа, а и генерално не е добар производ. :) Додека го користиш мислиш дека ти помага и инстантно ја омекнува и измазнува кожата, ама кога ќе престанеш да го користиш ќе ја исуши бидејќи креира само заштитен филм кој не и дава на кожата да дише. Значи не хидрира длабоко.

    Јас како човек со најсува кожа од глава до пети, единствено нешто што ми помогнало до сега да ја нормализирам и омекнам кожата на телото се маслени гелови и лосион со пантенол.
     
    На Puellapulchra и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  3. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.044
    Допаѓања:
    9.820
    Пол:
    Женски
    Искрено поим немав за ова:?:

    А дали на пример би било ок, вазелин да се стави врз лосионот?

    Кои маслени гелови би ми ги препорачала? Јас едно време користев Eucerin shower oil. Тоа ми е топ за зимски периоди.

    Исто и за лосионов со пантенол? Кој е најдобар?

    И каде се купуваат ствариве? Дм? Аптека?:D
     
  4. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    13.044
    Пол:
    Женски
    Вазелин никако не би ти препорачала, ни пред ни по лосион. Мислам дека доволно ти е маслен гел и добар лосион.

    Маслени гелови имаш на Биодерма, Еуцерин и маслениот гел на Афродита.
    Прво го користев гелот на Биодерма, додека ја нормализирам кожата од сувост и перутење, после се префрлив на Афродита. Од Еуцерин го немам користено.
    Не знам веќе колку пакувања истрошив од Афродита гелот, има и нежен мирис. Воопшто не ја суши кожата, ја хидрира и омекнува. Го има во ДМ маркет, за околу 170 денари.

    Пантенол лосион од Зегин. Многу е нежен, хидратантен, супер за сува и сензитивна кожа.

    1BB98D62-4252-45A4-892A-AC85B6165C33.jpeg
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.