Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сува кожа

Дискусија во 'Лице' започната од velesanka, 27 ноември 2009.

  1. manevska.mila

    manevska.mila Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    20
    За сува кожа

    VRATETE I JA VLAGATA!
    Prigotvuvanje:maskata napravena od edna lazica pcenicni klici i dve lazici maslonovo maslo e sovrsena za nega na ovoj tip na koza. Razmnomerno nanesete ja na liceto, ostavete ja 20 minuti, a potoa izmijte ja so mlaka voda :)

    lazica pcenkarni klici (3 denari) + 2 lazici maslinovo maslo (12 denari) toa se vkupno ke ve cini 15 denari :)
     
  2. anije

    anije Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    39
    Обезбедете правилна хидратација!

    Сувата кожа премногу реагира на климатските фактори. Сонцето уште повеќе ја црпи влагата, додека студот и ладниот ветер предизвикуваат пукање на кожата. Тоа значи дека овој тип кожа сака поголемо внимание. Почнете со козметичките препарати. Избегнувајте ги вообичаените лосиони и кремови на база на петролеум.

    Најдобар избор за сува кожа се производи базирани на природни состојки, кои не предизвикуваат алергии.

    Секое утро по туширањето, нежно тапкајте го целото тело со масло од кокос, какао-путер или путер од школки. Ваквите состојки се добредојдени за сувата кожа поради присуството на витамините А, Д, Ц, Е и протеини што ја регенерираат кожата.

    Избегнувајте вода од чешма!

    Доколку кожата на лицето ви е сува, препорачливо е да избегнувате вода од чешма. Зошто? Таа е премногу тврда за кожата, содржи хлор и други несакани хемикалии. Наместо тоа, користете ладна минерална вода или обична вода со лед.

    Најдобро е да користите лосиони без алкохол или млека за чистење на база на природни состојки. Ваквите лосиони и млека за чистење ја одржуваат сувата кожа чиста, без притоа да ѝ ја намалат влажноста. Лицето станува мазно и меко со постојана влага.

    За време на туширањето...

    На тие што имаат премногу сува кожа, склона кон алергиски реакции и иритации, им се препорачува да не се забораваат под туш. Експертите велат дека не треба да се тушираат повеќе од 3 минути. Притоа треба да користат благо средство за капење во што помало количество.

    Во никој случај не тријте ја кожата со рапав сунѓер. Така повеќе ќе ја уништите и ќе го забрзате пукањето. Поминувајте преку кожата со прсти или со мек сунѓер. Обидете се да најдете сапун или шампон на база на овесни снегулки. Тие во никој случај не може да предизвикаат иритација.

    По туширањето, нормално, не тријте се со пешкирот. Само завиткајте се во него и почекајте водата сама да се впие. Додека кожата сé уште е влажна, нанесете подебел слој млеко за тело, особено на чувствителните делови. За да не предизвикате поголема штета, воздржете се од чешање на иритираните делови.
     
  3. CrAzYShAkA

    CrAzYShAkA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    65
    здраво јас сум нов член во форумот сакам да ве прасам ако некој знае да ми казе имам мн сува кожа и каква крема да ставвам за лице ?
     
  4. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    3.041
    Го имам истиот проблем,сум пробала милион креми,хидратантни,вакви,такви и ништо...и конечно пред месец дена го најдов лекот и тоа нема да верувате каков лек :) САПУН од мед и млеко,оние што се рачно изработени сапуни (така нешто мислам),е сега незнам дали ги има низ сите градови,има специјализирана продавница за тоа,100 гр чини околу 120 ден...лицето никогаш не ми било помеко,како бебешко газе ми е...КОНЕЧНО :rofl:
     
  5. sosmooth

    sosmooth Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    јас го користам од пред извесно време бекутан со невен..новиот..и конечно најдов спас
    преубав е...и за лице и за тело
     
  6. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    822
    Значи до сега немав ама никаква мака со сува кожа па малку сум во небрано што и како е најубаво.Од пред две -три недели особено на лицето и тоа т-зоната почнав да чувствувам чешање и црвенило. Сега почна и да ми се перути тој дел а згора и ме пече бре :^) Се мачкам со нивеа ама некако не ми помага.Знам дека и зимава не ми е од помош, ама мора некое чаре да се најде. А да напоменам дека вода и чај пијам мноооогууу. Any tips? :worried:
     
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.451
    Допаѓања:
    114.771
    Пол:
    Женски
    После дадени илајдници денари за најскапи креми за сува кожа лекот го најдов во вазелин со невен и пантенол од Галафарм. За 70 денари 100 мл а помага не можам да ви опишам како. Дури и на педикерката и го однесов со него да ме мацка после педикир и она се зачуди дека стапалата ми се како на бебенце!!! најтопло го препорачувам!!! Го користам и за на уста, и за тело и за лице ма за све!

    Еве како изгледа
     

    Прикачени фајлови:

    • 29.jpg
      29.jpg
      Големина на фајлот:
      12 KB
      Прегледи:
      917
    На Dilayla, Dragannah, Ariel и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Anjichka

    Anjichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    76
    Од кога знам за мене си користам Бекутан кремче за лице... имаше еден период кога испробав различни кремови за сува кожа, но никој не се покажа ефикасен, ги ставам на лице и после 5 минути лицето ми е пак суво исто како ништо да не сум ставила... Само бекутан му е мајката :D
     
  9. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Зависи сепак од самата кожа. Читам на некој добар им е бекутанот, мене воопшто не ми одговара, сум пробала не знам колку креми, скапи, ефтини, вакви такви, и ништо, единствено најдобар ми се покажа тој на Хемел, само што јас ја птерав само него го користев и кога ке ставев пудра не изгледа добро, сега од Хемел го користам само тој за нокти и не би го менувала за ништо на светов. :) Пробав и со Нивеа и добив црвени дамки. Затоа ви викам пробајте со неколку, пронајдетеја најдобрата крема за вас ама не претерувајте, искрено сега ќе пробам со овој вазелинов со пантенол. А, да, ви ја препорачувам Pantexol маст мислам дека е за бебиња, убава е... Мора да имате една крема за лекување, како што јас викам, на лицето,(како на пример од хемел или оваа пантексол) а друга која ке ја користите пред да ставите шминка и која најчесто е хидратантна.... :)
     
  10. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Јас имам сува до нормална кожа на лицето. Да кажам скоро па од секогаш сум користела Нивеа крем, во плавата лимена кутија. Денес си ја земав Cera Di Cupra Rose кремата, планирам да ја користам како дневна крема и подлога за шминка. На нет прочитав многу добри критики за оваа крема, се надевам ќе се покаже добра за мојата кожа.

    [​IMG]
     
    На Daddy.girl и rossonerka им се допаѓа ова.
  11. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Роси, знам дека и ти ја користиш, па ми значеше многу и твоето мислење зошто знам дека имаш сува кожа како мојата. Кажи ми има од оваа фирма други производи кај нас? Или само кремиве Роса и Бјанка ги носат? :wasntme:
     
  12. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Го прочитав ова пред недела мислам и си реков ај да пробам и јас... леле Господ здравје да ти даде ( со би рекла баба ми) одличен е... и на лице го ставам и на раце... рацеве поубави не ми биле... а наутро лицето е мазно мх мх ...
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Хммм па да ти кажам не сум барала, ја зимам од Зегин јас најчесто и од една маалска парфимерија, а во парфимерииве големи не ни знам дали ја има па со тоа не сум ги ни видела производите на фирмавава. Сега на интернет ги гледам :lol:
    Мајка ми користи на фирмава восок за надусници депилирање, а сега гледам дека има млеко за чистење лице и тоник кои не ми се користени али ќе прашам во Зегин мож ги има и би сакала да си купам.
    Гледам имаат и лабело и влажни марамици. Па и шампон имале, не сум имала поима. Па и креми за тело и лосиони. Па и за мажи креми во црвено се. Па и сапунче.
    Ама што има тука кај нас хммм треба да се провери, али го сакам млекото за лице пред се :wasntme:
    [​IMG]

    јас не би ја менувала кремава за ништо, кои проблеми само ги видов пред да ја пронајдам, сите ми ја сушеа кожата и ми излегуваа лишаи, павличевата детска крема ми ја мрсеше мали бубуличиња ми излегуваа, и во оваа спасот го најдов :inlove:
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Night.Wish

    Night.Wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    33
    Јас користам бекутан и сум прилично задоволна. Но, сакам да пробам и некоја маска за сува кожа. Па повелете со рецепти. :D
     
  15. annasarah

    annasarah Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Ве молам за совети за сува кожа или да кажам пресува.Имам проблеми со лицето затоа што ми излегувааат нешто слично на бубулици, а се ми е во ред, направив и хормонски тестови и се е во ред.Пробав медицински креми, не помага, на козметичар не помага, незнам што да правам повеќе.
     
  16. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Suva koza

    На козметичар не ти помогнале?
    Јас мислам ако кожата ти е сува, да употребуваш крема.. можеш и некоја апла мрсна навечер да ја ставаш да ти ја упие кожата и да се нахрани :|
     
  17. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    Suva koza

    Немој да ја миеш кожата со сапун (дополнително ја суши), користи хидратантни креми (наутро и навечер). И посети некој добар дерматолог или дерматовенеролог.

    Еве некој совети и од фемина

    http://www.femina.mk/%D1%83%D0%B1%D0%B0 ... 0%B8%D0%BF
     
  18. CrAzYShAkA

    CrAzYShAkA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    65
    a кази дали го има во зегин?
     
  19. CrystalNoir

    CrystalNoir Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    92
    За посува кожа мислам дека најдобар крем е Hemel има многу пријатен мирис и е на природна база од мед и повеќе видови растенија.
     
  20. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    249
    И јас имам многу сува кожа користам бекутан-цинк и дневната крема од авон [​IMG]