Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сува кожа

Дискусија во 'Лице' започната од velesanka, 27 ноември 2009.

  1. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    1.887
    Ќе ве молам за совет до пред некое време сестрами на лицето имаше нормална кожа, но сега во последно време кожата на лицето и стана премногу сува цела и испука ја чеша и има црвенило, секоја вечер дури и преку ден се мачка со вазелин со невен и пантенол меѓутоа и тоа не и помага додека има на лицето од вазелинот не и се познава ништо меѓутоа откако ќе се избрише истата песна повторно е премногу суво лицето, ако може да ми препорачате некоја крема или нешто друго со што ќе и се среди лицето.
     
  2. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    ^
    И јас имам претерано сува кожа,која е поизразена во зимски период-премногу се лупе,имам црвенило,стегната..
    Инаку јас користам Becutan,и сум презадоволна од него.
     
  3. Chocoholic.girl

    Chocoholic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    39
    Девојки, морам да споделам со вас. Го открив кремов и многу сум задоволна. И јас имам многу сува кожа, дури почна да ми се лупи лицето и што се немав пробано, ама ништо не ми одговараше. Кремот е на база на маслинка и е без парабени.
    https://www.facebook.com/photo.php?...11685357.36955.150318478354017&type=3&theater

    [​IMG]
     
  4. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Нека не користи вазелин,ништо не негува само и ги запушува порите. Одете на кожно на преглед,а во меѓувреме нека пие многу вода и да гледа да внесува разновидна исхрана,многу овошје,зеленчук,протеини.
     
    На EMoonlight и Mama25 им се допаѓа ова.
  5. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    sweetgirl92, јас имам многу (многу, многу!) сува кожа и Cera di Cupra Rosa и крамата со масло од невен од Балеа многу ми помагаат, нека проба со нив.
     
  6. seasopraime

    seasopraime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Е фала ви воа ке и го препорачам на другарка ми
     
  7. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Јас мислам дека најдов решение за сувата кожа. Секоја вечер пред легнување го мачкам лицето со маслиново масло. Обилно ,особено на сувите делови. И си легнувам. Сабајлето го чистам лицето како и обично. Не се плашете не го мрси лицето и не излегуваат акни од него,зошто молекулите му се преголеми за да навлезе и да ги затвори порите. Кожата има здрав сјај и мазна е и мека како никогаш до сега.

    На местата што ми се премногу суви како делот меѓу веѓите втривам невеново масло,само ова ми е купечко па ќе го користам додека не си направам сама. Во шишенце маслиново масло се става цвет Невен и се остава на сонце ,еден месец,па потоа се користи. Како кантарион што се прави. Супер е. Исто и тие што имаат перут можат да го втриваат на скалпот пред бањање,ептен помага. :)
     
    На Ariel и mims-89 им се допаѓа ова.
  8. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Пробајте со кокосово масло, прочепкајте на интернет и ќе се изненадите колку луѓе го користат кокосовото масло за нега на кожата. Значи бенефиции огромни се препишуваат на кокосовото масло. Јас почнав да го користам и можам да ви кажам дека кожата буквално дише, толку ми е структурата мазна на допир, ниту една акна нова не ми излегла (барем засега) и исто се препорачува за лечење на акни.Одлично за вадење шминка. Исто и се готви со кокосовото масло.Го јаделе за имунитет. За нега на косата велат е незаменливо.Побарајте и на You Tube има доста видеа.
    Ако купувате купете нерафинирано, 100% чисто, природно. Јас го најдов во Зегин за мислам 290 денари од 200 гр. Ама верувајте ќе трае незнам до кога. Само колку едно нокте ви е потребно за цело лице да се намачка. Оние што имаат и мрсна кожа нека не се плашата да го користат. Бидејќи Хлорамфениколот ми ја исуши кожата ми се направија лушпи, и пудра на суво лице па макар и со мрсен крем изгледаше СТРАШНО, кокосовото масло ми го среди проблемот за неколку дена.
     
  9. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    8.408
    Пол:
    Женски
    Ниеден крем веке неможе да ми го замени мојот раствор од маслиново, бадемово масло и витамин е.Во план сум да додадам и глицерин.

    Го користам строго навечер, пред спиење како ноќна крема бидејки нели, на кожата и треба повеке време да ги впие маслата па така не е препорачливо како дневна варијанта, но сепак ефектите си се чувствуваат и во текот на целиот ден.Лицето ми е пуцка, ни с од суво.Немам никакви други проблеми со лице освен што ми е суво зимно време и еве сменив неколку креми и решив да си го направам растворот за проба.Не се ни изенадив искрено бидејки познати се благодетите од сите наведени состојки.Во секој случај од природно нема поубаво.Кој има сува кожа топло препорачувам.
    Ниту една крема на светот неможе да го замени, фантастично нешто.
     
  10. So-Seductive

    So-Seductive Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    12
    И јас имам сува кожа на лицето, особено на зима.Ставам Нивеа крема но некако не ми ја хидратира доволно кожата. Инаку имам слушано дека за ова треба да се пие вода во големи количества.
     
    На Nutri001 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    8.408
    Пол:
    Женски
    Ставај од маслата што ги имам напишано погоре, верувај од две ставања ке видиш резултати.Немора да ги мешаш можеш да користиш и само бадемово или само маслиново, бидејки нели секој кој го користи маслиново во исхранта го има секогаш дома при рака.
    Пред некој ден имав на некои места лиши по лицето, го поминав со маслиново и преку ноќ ми поминаа.

    Нема ништо што може да ги замени благодетите и ефикасноста на природните масла.Каква Виши,Клиник и сл.Зборувам од искуство.
     
    На Mama25 и So-Seductive им се допаѓа ова.
  12. Sara900

    Sara900 Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Jojoba oil
    Cocunut oil
    Almond oil
    Argan oil
    Avocado oil
    Olive oil
    врувајте најдобрите природни масла што постојат за нега на кожа и коса, но само од америка преку ебаи или амазон можете да ги нарачете, штета што уште кај нас го нема пејпал но може да нарачате по некој што има пејпал акаунт овде во македонија

    Aubrey Organics www.aubrey-organics.com
    Avalon Organics www.avalonorganics.com
    Desert Essence www.desertessence.com
    John Master Organics www.johnmasters.com
    овие се компании кои на своите производи не мешат ни грам од кемикали сите продукти се органични(потенцираните масла горе) можете да влезете на веб страниците


    продуктите како nivea,dove,clinique,avon и сите други производи што ни се сервират во пазарот содржат кемикали како :
    =Sodyum Lauryl Sulfate(SLS), Laureth Sulfate(SLES), Dioxane 1.4 Methylisothiazoline(MIT), Diethanolamine(DEA), Ethanolamines(MEA) Polyethylene Glycol(PEG), Triethanolamine(TEA), Propolyne Glycol, Parabens(Propyl,Bytyl,Isobytyl,Isopropyl), Fragrance & Parfum, UREA, Pthalates, Mineral Oil, Alcohol(Benzyl,Ethanol,Methanol,SD,Ethyl= овие кемикали може да ги читате на листата > ingridients за жал во секој продукт постојат :worried:
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    1.565
    девојки ако имате сува кожа ви препорачувам да користите гарниер млекото и лонсионот за сува кожа розево пакување мене ми беше кожата како да ќе почне да ми се лупи во секој момент еве недела дена како ги користам константно и веќе ми се нормализира :)
     
  14. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Деновиве редовно се мачкам со Јекодерм маст,наменета е за топлински оштетена кожа и за изгореници,ама се користи и за сува кожа што се лупи. Така почнав да си ја мачкам на челото и има огромно подобрување. Ако некој има сува кожа,онака со сребреникав отсјај,што се лупи пробајте со маста.Безбедна е,ја мачкаат и на бебиња,а во составот има рибино масло.
     
  15. An4e24

    An4e24 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    1.473
    Пол:
    Женски
    Јас по препорака на доктор користев една маст неможам да се сетам како се викаше, исто така со рибино масло, меѓутоа многу неубаво ми мирисаше неможев да го поднесам мирисот. Дали и оваа има тежок мирис?
     
  16. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Да и мене ми има тежок,неубав мирис. Ама некако сум навикната,зошто како мала ме тераа да пијам рибино масло,зошто било здраво,па ова исто ми мириса. :)
     
  17. Buddygirl

    Buddygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Девојки јас пробав органска кокосова маст ја има во Тинекс дрогериите(аптека). Но за жал на лицето не ми се погоди имав чувство на пецкање и црвенеење на кожата морав веднаш да се измијам, па ја истрошив на тој начин што конзумирав по една лажица на ден. Што би препорачале за сува и осетлива кожа? Односно по сува кожа се подразбира некоја хидрантна а не мрсна крема според мене? Ајде форумки поздрав ;)
     
  18. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    5.194
    Пол:
    Женски
    Buddygirl Dove rich moisturizing cream многу е хидратантна и доволна е мала количина. Ја имаш во мали пакувања по 45 ден. е отприлика и е многу згодна за во ташна, јас си ја користам и за раце.
    http://i15.photobucket.com/albums/a357/sweetcontemplation/Beauty/IMG_0693-1.jpg
    Имаш со навлажнувачки ефект од Гарние, со краставица, таа е исто добра и е полесна. :)
    http://cdn1.feelunique.com/img/prod...ls_Fresh_Essentials_24Hr_Hydrat1354187920.jpg
     
  19. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Пробај ја ноќната крема Milk $ Honey Gold од Орифлејм, не е мрсна, брзо се впива и резултатите се видливи веднаш. Во новиот каталог ја има на попуст, за 300 ден :)
    Исто така, пробај ја Cera di Cupra Rosa, малку е помрсна но е вистински мелем за сува кожа. Во ДМ минатата недела беше на попуст, 140 ден, веројатно уште трае акцијата :)
     
  20. Primrose.x

    Primrose.x Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    91
    По толку многу испробани креми и буквално фрлени пари, конечно можам да кажам дека најдов решение за сувата кожа. Кожата ми беше премногу сува на носот и на челото, ми се правеа лушпи и не можев ни да помислам да ставам пудра без предходно да направам пилинг (што баш и не се препорачува повеќе од два пати неделно, посебно не за сува кожа). По пилингот, било која крема го даваше истиот резултат - се беше ок ден-два, потоа повторно исто. Зборувам за Cera di Cupra Rosa, Garnier, Balea, Nivea, разни креми од Oriflame, Avon и слично, сите наменети за сува кожа, а никаков ефект.
    Е сега, веќе неколку месеци користам Bioten млеко за чистење и лосион од истата линија за сува кожа и можам да кажам дека си ја вратив кожата во нормала. Немам потреба веќе ни од пилинг (иако го правам тој со шеќер, еднаш во две недели), се чувствува разлика уште во првите неколку дека од користењето. Искрено, одкако почнав да ги користам овие две во комбинација, немам ниту акни на лицето. Млекото и лосионот не содржат парабени, а и за разлика од другиве производи изгледаат поприродно.
    Ги купив од ДМ, околу 140 денари едно. Топло препорачувам на оние што мака мачат со сувата кожа :) Еве и слика за оние што ги интересира, незнам колку се гледа, ама само оваа слика ја најдов на интернет :)
     

    Прикачени фајлови: