И јас ги користам тие од Биотен за вадење шминка, прво со млекото, па со тоникот. Имам чувствитена кожа и ми одговараат, многу се пријатни на лице. Беа едно време на промоција, ако ги види некој пак, нека сподели
Јас ги видов во Космо на промоција, односно беа само тоникот со крема за сува и чувствителна кожа за смешна цена од 160 денари за Биотен зборувам.
И јас ги имам користено истиве само со поинаков мирис, од лотосов цвет. Се сложувам дека се супер за сува кожа, нежни не иритираат, не ја досушуваат кожата плус ова моево од лотосов цвет прекрасно мирисаше.
mims-89, да не знаеш дали сеуште трае промоцијата? Ме привлече цената, и така ми се при крај, а сакам и кремата да ја пробам
Јас си најдов лек за мојата (пре)сува кожа - витамин Е -400мг Ги има во сите аптеки, се продаваат и на парче за некои си 6-7 ден. Една капсува трошам за цело лице, течниста од истата ја нанесувам на чисто лице, навечер, пред спиење, при тоа трудејќи се да направам некоја масажа на лицето. Резултат забележав уште после првата капсула, кожата е совршено мека наредното утро
Zdravo, posle banjanje mnogu mi se susi kozata na liceto, a posebno na glavata i pocnuva mnogu da me cesa... ima li nesto sto ke pomogne protiv ova?
@hoex не седи долго време под туш и не користи многу топла вода зошто тоа ја суши кожата. Исто и смени го сапунот, побарај некој похидратантен а после миењето обавезно некој лосион. Не мора некој скап, добри се и тие од КАМ.
za suva koza mnogu se dobri gi preporacuvam ovie od avon go imam ovoj od maslinka pred 2 nedeli mi stigna
Te poslusav za ova, ja izmiv glavata so mlaka voda i se namackav so eden losion i ne me cesa fala Bogu, fala ti mnogu za sovetot
Јас имам сува кожа на лицето(повеќе кога е зимо,дури малку ми се познаваат како бели ситни лушпи,како точки,не знам како да ги опишам),рацете ми се постојано суви и ставам крем Нивеа после секое миење,имам сува кожа на нозете(ако не ставам млеко за тело или лосион кожата ми изгледа како немиена со ситни бели лушпи ),и сега усните ми се суви дека некое време не користам лабело.Инаку кога веќе сме кај лабелата,бејби липс во плаво пакување повеќе ми ги сушеше усните отколку да ми ги хидрира. Да не бидам офф-топик понекогаш кога ми е многу сува кожата на лицето,чувствувам како малку да ме пече и како да ми се затега.
100% органско нерафинирано кокосово масло. Одлично е, многу е здраво и корисно како за кожата и воедно може да се вметне и во исхраната, бидејќи е природно. Можете да го користите за нега на косата, лицето и на телото.
Вазелинот не може да ги запуши порите. Само создава бариера за да го забрза процесот на опоравување на кожата.
Девојки се соочувам со сува кожа на брадата поради екстремно нискиве температури. Имам комбинирана кожа и ова прв пат ми се случува. Ми се лупи брадата само и како превенција користам Нивеа Софт крема за лице, но безуспешно. Препорачајте нешто.
Јас ќе ти препорачам една многу убава маска за лице во домашни услови, проверена и одлична за сува кожа. Во блендер ќе ставиш неколку бадемчиња,малце млеко, мед, и малце банана. Се тоа го блендираш и го нанесуваш на лице, го држиш најмалку пола сат додека стане скроз суво па го отстрануваш со млака вода па ладна. Кожата ќе ти биде многу благодарна а остатокот од маската слободно изедиси го
@Biodevojka Рицинусoвo,кoкoсoвo,мaслинoвo или бaдемoвo мaслo препoрaчувaш зa сувa кoжa штo се лупи дури и oд сувoст брчкa ми се пoјaвии. Зa лицетo збoрaм.