Здраво драга, сите масла се убави за сува кожа, зависи тебе лично кое најмногу ќе ти одговара. Почни еве со маслиновото (сигурно го имаш дома за готвење) или со некое масло кое имаш дома. Само нанесувај го на благо навлажнета кожа не на ува за да може кожата максимално да ги искористи сите бенефиции. Пробај па пиши ми како ти прија и кое според тебе е најдобро за твојата кожа. Поздрав.
Веќе пола година се трудам да разберам што се случува со мојата кожа. Од кога знам за себе имав комбинирана кожа на лице, и општо на тело, со делови каде избиваше мрснотија повеќе. Немав никакви потешкотии во одржувањето. Но по завршувањето на пубертетот имам огромни проблеми. Бев на дерматолог и ми беше утврдено дека имам атопична кожа. Ми препорачаа колекција на БиоКлин за атопична кожа, италијанска фирма со производи на природна база. И не сум задоволна, а искрено цените на производите се малку солени. Повтроно кожата ми се лупи, доаѓа како перут. Нема никаков ефект. Посериозни проблеми имам со кожата на лицето. Користам исти производи повеќе години, но сега иситите ми прават иритации на кожата. Имам црвенила на образите и челото, и кожата исто ми се лупи и чеша. Ми требаат пепораки за нови колекции за лице и тело, со попристапни цени. Ќе ги повикам @Biodevojka , @danichap и @Annath бидејќи мислам имаат вакви проблеми со сува кожа.
Проблеми со сува, екстремно сува кожа имам само на телото. Особено изразено е во зима, кога имам буквално како лушпи особено по нозете, и страшно ме чеша. Ама никогаш сум немала појава на егземи, лишаи повремено ми се појавувале, ама не било ништо страшно што не можело да се реши со обичен крем на база на невен. За секојдневна нега во зима користам кокосово масло и путер за тело од какао, и колку толку ми се средува кожата. А кај случаи на атопичен дерматит, колку што знам маслата не помагаат, толку дополнително иритираат. Помалиот син има таков проблем, кај него засега помага колекцијата на Логона од невен за да се држи ситуацијата под контрола. За атопија има различни колекции, најчесто се користени црвената линија на Еуцерин козметиката, како и Мустела стелатопија, но не секогаш и секому помагаат. Треба да се пронајде што конкретно одговара во одредена ситуација бидејќи не секоја кожа исто реагира.
Сакав да прочитам искуства и коментари. Се мислев и јас за линијата на Еуцрин за сува кожа, но за неа има многу негативни критики па се двоумам. Другите имиња првпат ги слушам. Сега ќе видам какви искуства има за нив на интернет споделено. Знам дека кај мене е посериозен проблемот, ама морам да најдам нешто што ми одговара.
@Biodevojka може да ти предложи некои колекции кои се понежни и неагресивни за кожата за да не ја иритираш дополнително со хемикалиите. Медицинските колекции не се баш природни, ниту органски, ама ете, некогаш помагаат. Дерматолог ми препорача да не користиме средства кои содржат природни екстракти од тревки, бидејќи тоа знае дополнително да ја изиритира кожата која е склона кон создавање егземи. А природните колекции повеќето се на билна база, затоа се меч со две острици. Колекцијата на Логона што ја користиме за малото има екстракти од невен и камилица и да ти кажам право, помага кај него, ама други се жалат од истата. Затоа е добро да се пробаат повеќе, ама реално, знае тоа да го оптовари буџетот, бидејќи повеќето се доста скапи.
Дерматологот мене ми ја препорача колекцијата на БиоКлин со цел да немам дополнителна иритација од хемикалиите кои се користатат во оваа индустрија. Што на мене не ми помогна. Немам ниту спртивен ефект од употребата, но не ми помогна со проблемите. Сега барам било што, без оглед дали е на природна база или не, само да помагне. И свесна сум дека треба да се пробаат повеќе продуктите за да се види кој е најдобар, ама очигледно ќе мора.
Баш кога ми е кожава во најочајна состојба и сакав да пишам и да се пожалам на темава, веќе ме тагирале. Одсекогаш сум имала екстра осетлива и сува кожа. Со редовна нега и пронаоѓање на правилните препарати ја држев некако под контрола, но последнава недела две ми е страшна. Мислам дека никогаш во животот не ми била во толку лоша состојба. Не успеав да отидам на дерамтолог, бев само на козметичар и ми кажа дека е себороичен дерматит. Тоа и го знаев уствари, само со години ми беше повлечен. Очај е слаб збор кој би ме опишал . Инаку општи правила за сува кожа се најпрво нејзино темелно чистење и отстранување на првутот од кожата. Ги имам и двете, ги набавив во ДМ. Цена на жалост не се сеќавам ама верувамд ека беа прифатливи. Розевото го користам за пилинг и кога сакам да извршам масажа, а белото на редовна база при миење на лицето. Ако се решите са само едно, јас на белото би му дала предност. Во однос на средствата за чистење лице мислам дека нема нешто што немам пробано. Др.Хаушка го користев едно време, Клиник најдолго се задржав, Балеа исто така. За сите имам позитивни критики и зависно во која фаза ми се наоѓа лицето биле одлична нега. Клиник најдолго ја користев, уствари сеуште ја користам, само правам пауза овие две недели, па доколку некој има потреба од инфо или совет, можам дополнително да споделам искуство. Исто и околу козметиката на Др.Хаушка. За на Виши не верувам дека би била доволно компетентна биддејќи повеќе години имаат поминато, па малку ми се избледени од сеќавање. Со Лавера, Веледа и Др. Шелер имам познавања бидејќи сум ги купувала на мајка ми која исто има сува кожа и дерматит. Конкретно од БАЛЕА Конкретно Наменета е за сува и осетлива кожа. Конкретно како гел немам користено, можеби друг некој ќе сподели искуство, но за миење на лицето и отстрануавње на шминка ги препорачувам и пената и кремот и водата(редоследно првите три од сликата). Кожата се осеќаше пријатно, немав печење на очите или било каков вид на иритација. Со солидна хидратантна крема би било одлична нега. БЕз крема морам да кажам дека барем за мојата кожа даваше малку суб+в ефект. Денес набавив и Два пати само се измив но впечатокот беше позитивен. Најважното не ме штипеше или печеше. Во моментов имам и колекција од клиник и млеко од Др. Хаушка, дури ни тие не ми делуваа толку пријатно на кожата. Освен темелното чистење на кожата препорачувам и арганово, бдемово и кокосово уље. Кое најдобро би одговарала би морал секој сам да си проба. Во принцип пил оф маските и пилинзите се прилично јаки за лицата со сува и осетлива кожа па секогаш сум била внимателна околу изборот на истите. Последно, од Alverde WildRose Sheabutter маската имам позитивно искуство. Како последен чекор секогаш била хидратацијата на кожата. Има пробано тон креми и кога кожата ми е во нормална или благо очајна состојба одлично ми делувале. На жалост овие денови немам никаква полза од нив. Сите ми се со антиејџ ефект или за екстра осетлива кожа па во моментов не ми вршат голема улога. Денес набавив некои креми на база на невен и камилица од дм па ќе видам како ќе се покажат Имам искуство со кремите на предходно споемнатите Лавера, Алверде, Др.ХАушка, Клиник. Балеа, Еуцерин, Шишеидо... доколку некој има потреба од дополнителна информација би можела да споделам доколку конкретната крема неодмана сум ја користела и ми е во сеќавање. Во однос на типот на дерамтитис кој го споменав одлично делува алое вера и креми на база на невен или камилица. Причтав и за маска од зелена глима оа и тоа набавив денес па ќе видам каков ефект ќе има. Се надевам деновиве да ми се среди лицево, што од кремиве што од сонцето...
Го имам истиот проблем, пресува кожа и псоледните 2 недели ми е ужас,мене ме спаси крема од невен на Danai, ја ставам 2 пати дневно поприлично е мрсна и се задржува на кожата и ми ја праи мека и хидратизирана дури и како подлога под шминка ми е супер. Би ти рекла да ја пробаш бидејќи невенот е добар за осетлива и сува кожа
Здраво драга, еве јас што би ти препорачала за твојата кожа; 1. за измивање земи ја пената на Балеа, онаа розевата што ти ја предложи @danichap 2. за лице земи го маслото на Ему Дерм црвеното кое е без мирис и пишува серум. Има одлична моќ да смирува црвенила уште по неколку нанесувања; 3. за тело земи некој од путерите на алверде, на пример оној од макадамија. Одлично негува. На лицето често прави маски барем еднаш неделно со павлака, мед и маслиново масло. Остави да делува и измиј, Исто така соколку имаш алое вера гел може да нанесеш слој на лицето како маска 15 мин. и да измиеш и по него да ставиш масло (на благо навлажнета кожа). Пробај нешто од ова па кажи ми дали има резултати, Биди само упорна не очекувај чуда од две апликации. Поздрав.
Благодарам за советите. Во прва прилика за посета на Скопје ќе ја земам пената на Балеа и ќе ги побарам другите производи, па ќе пишам каква е ситуацијата.
Преку зимото ми е повеќе сува кожата на телото и лицето.Доволно ми е обичен лосион и универзална крема на лицето.
Препорака за сува кожа околу устата до степен да чеша прв пат оваа зима се соочувам со тој проблем. Имам кокосово масло, берогал-к крема ништо не помага.
Маст од невен. Јас имам од ДМ, предобро е и помага за доста работи, како сува кожа, изгореници, црвенила и иритации...
Само што се вратив од одмор и лицето посебно кај носот и образите ми се љупи и многуу ме чеша. Башка тоа имам суво лице. Предлог за некоја крема пошто до сега ништо не помага.
Здраво, дали некој може да ми каже како правите разлика меѓу сува и дехидрирана кожа, а како препознавате ако пак ви е и сува и дехидрирана? И што користите ако имате дехидрирана кожа? Имам прочитано, но искрено не би знаела да направам разлика, бидејќи и двете ги покажуваат сличните симптоми. Преку годината не сум забележала некоја сувост во кожата (можеби не сум обрнала доволно внимание), но в зима некако нагло ми се суши (што знам дека е нормално), до толку што ми се лупи на носот и челото, под устата, во образите и челото чувствувам затегнување... Сум користела хидратантна крема за нормална и комбинирана кожа, но како преслаба да ми била, а пак таа за сува како претешка, ми ги затнуваше порите. Можеби било до брендовите, што знам... Не знам, имам потешкотија со определувањето на типот на кожа, на лето ми се чини ми станува дури мрсна (можеби дека се потам многу), а на зима пресува... И сега знам дека со годишните времиња се менува и типот на кожа, но си велам некако многу драстично ми изгледа да се менува од мрсна до сува . Па си велам сега, да не ми е всушност дехидрирана на зима? Сепак, на лето, ако се сеќавам добро, кога ставам BB крема (од Garnier), обично навечер, што е за комбинирана до мрсна кожа, пак се чувствувам дека во пределот на носот како да е посув делот, не знам дали е до кремата или до кожата. А имам и еден куп црнки на носот, и по некоја во делот меѓу веѓите... Читав и дека на тие со сува кожа не им се познаваат порите, а мене пак баш на делот од образите околу носот ми се отворени порите и ми се познаваат... Исто, ако користите креми, дали пример кога ќе го измиете лицето повторно ви е суво или не? И дали ако не ви е, значи дека треба да користите крема пример за нормална кожа? Дали кремата за сува кожа би била претешка да се продолжи да се користи? Се на се, многу ме буни мојата кожа . Ви изнафрлав еден куп прашања и информации, се надевам дека ќе се снајдете .
Девојки имам прилично сува кожа и повремено дури ми се појавува црвенило на образите како лишаи и ме фаќа страв. Која крема користите?
Ајде да ви се придружам и јас со сувата кожа Зборот сува е малку за да се опишам, цел живот сум така. Ми имаат дерматолози препорачано многу производи кои или не помагаат или само ја влошат состојбата. Веќе подолго време како телото ми е оправи малку од малку, ама лицето и вратот испукуваат, лиши ми се прават, ми се затегнува кожата, чеша ненормално(и тогаш дури и пудрата ми смета да ја ставам). Моментално единствено што ме смирува е маст Белосалик (добар е, само не знам дали е за секојдневно користење како јас што правам). Имам закажано кај д-р Старова, па да видиме дали ќе ми помогне Сега планирам да земам од Хаушка да пробам иако што се скапи, но гледам и Таива имаат попусти. Вие што би ми препорачале?
Тоа е крема што не смееш да е користиш повеќе од две недели, од мои скромни познавања. Зимава помина, а мене дури сега почнаа да ми се прават лишаи по телото, односно по рацете. Со што се туширате и какви лосиони за тело користите? Јас долго време го користев сапунот од La Soy на Јиланг Јиланг , не знам шо ми текна го сменив со гелот за туширање од бадем на Dove и тогаш еве скоро 3 недели мака мачам со лишаи. Секој совет е добре дојден <3
За Белосалик ако добро се сеќавам и мене како и на Ана ми имаат спомнато дека не е добро да се употребува долг временски период бидејќи содржи кортикостероиди. Е сега колкав период може да се користи, за тоа е најдобро да се консултираш со дерматолог. Инаку јас би ти рекла дека можеби ќе имаш некакво подобрување ако избегнуваш да користиш пудра барем на некое време, затоа што дополнително влијае на сувост на кожата. Во однос на креми јас најчесто користам од Авон затоа што ми одговараат и донекаде ми ја хидрираат кожата, но тие секако не ми се препорачани од медицинско лице (ги користам на своја рака, затоа што забележувам дека имаат позитивен ефект). За чешањето може да ја прашаш д-р Старова да ти препорача некаков спреј за смирување. Доста се ефективни, а и дополнително ако користиш некаква крема има можност да се среди проблемот