Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сува кожа

Дискусија во 'Лице' започната од velesanka, 27 ноември 2009.

  1. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.876
    Допаѓања:
    5.212
    Пол:
    Женски
    Bioderma Atopi, незаменлива ми е.
     
    На Mia-K му/ѝ се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Natura Siberica Snow Cladonia
     
    На Mia-K и Cecko85 им се допаѓа ова.
  3. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.438
    Дали некој знае добра замена за кремава? Скоро една година како не ја носат веќе во Зегин.
    51YN88QszsL._AC_SX425_PIbundle-2,TopRight,0,0_SH20_.jpg

    Само да не е Мустела колд кремата, испробана е веќе.
     
  4. srnicka7

    srnicka7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите членки!
    Релативно сум нова во светот на шминката, во вистински смисол на зборот.
    Не сум баш млада, и низ годините имам користено најразлични пудри (Max factor, Giordanni(Oriflame), Mac,..), но во најмала можна количина.Во последниве години забележувам преголема сувост на лицето, и по аплицирање на пудрата ми остануваат траги низ лицето, нерамномерно се нанесува (ја нанесувам како и до сега, со четка за пудра, од Авон), и кожата ми изгледа безживотно и пресуво, а притоа, воопшто не ми ја покрива сивата пребоеност на кожата над усните, што додатно ме фрустрира, и неверојатно ми ги истакнува брчките околу очите.
    Како немам воопшто искуство со коректори, би сакала да прашам и дали некоја од вас има користено коректор во боја(портокалов), за сива-сина пигментација над усните, а притоа да има и сува кожа?Исто така, која пудра користите, за сува кожа, а притоа да има покривност и трајност?
    Секако, ме интересира за козметика која може да се најде во Мк или нешто што би можела да нарачам онлајн, и начинот на кој вие аплицирате пудра и коректор, навистина сум изгубен случај. Секое искуство е добредојдено.
    Однапред благодарна!
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Лицето ти е пресушено и презаситено од пудри,прво треба да го хидратираш за да ти легне убаво пудрата и да не ти се појавуваат лишаи. Ти треба голема хидратација и здрава нега.
    Што користиш за тоа?
     
    На srnicka7 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Исто и ја ваква кожа имам особено во зима, некогаш знаат суви делови со пудра да ми се познаваат. Во лето подобро е малку. Нема врска од начинот на апликација на пудри, туку од тоа што кожата е сува. Мора да ја хидрираш неа и така ќе го спречиш проблемот. Мене сувоста на кожа највеќе ми е на чело и по малку на образи.

    Во зима за поинтензивна хидратација ја користам од Alverde црвената кремата за сува кожа, малку е потешка и помрсна ама добро ја хидрира кожата. За летно време таа од Alverde од дива роза розевата ми е преубава, полесна крема е таа.
    И на Weleda кремите за сува кожа се фалени, може и од тие да пробаш.

    Пудри што ми одговараат највеќе, периодов Catrice - True Skin ми е врв. Исто и од Bourjois - Healthy mix ја имам, но ко што е поскапа спрема другата, некако очекував повеќе од неа, па не верувам дека па би ја прекупила кога поевтината Catrice - True Skin поубав изглед ми дава на кожата лично мене.

    Од коректори, на тој од Aura сум му верна со години.
     
    На srnicka7 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. srnicka7

    srnicka7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Па ако се смета за хидрирање еднаш во неделата, нанесувам Глицеринска Крема, пред самото шминкање и толку, одамна се одвикнав од редовно користење креми, веројатно од немарност. Едно време пробав да користам арганово масло, но една другарка која е по професија фармацевт ми рече никако да не користам масло со цел да хидрирам кожа, затоа што ефектот бил сосема спротивен, маслото навлегувало во порите.
    :$

    Благодарам на препораките, баш ќе побарам да најдам од таа крема од дива роза, и како што вели
    buba4e89, да пробам редовно да се грижам за состојбата на кожата, па белким ќе има некој резултат.
    А пудрата Catrice True Skin, дали може да се најде во DM или Cosmo?Ќе пробам да ја нанесам на лице уште таму, од тестер.
    Aura дали има коректори во боја, како на пример портокалов? Гледав туторијали на интернет, него највеќе го препорачуваат за сина пигментација на кожата.
     
    Последна измена од модератор: 8 јуни 2022
    На Cecko85, buba4e89 и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Во ДМ ги има сите производи што ти ги спомнав. За портокалов коректор не сум сигурна, не сум користела таков до сега, затоа не сум ни заприметила дали има. :)
     
    На srnicka7 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Често користам арганово и кокосово масло, особено сега во лето кокосовото многу ми одговара, дури и наместо лосион го користам. Исто и јас имам сува кожа, а тоа најмногу ми помага и досега не сум приметила проблем со порите, обично тоа е проблем за оние кои имаат мрсна кожа. И мислам дека е нормално било што и да нанесеш дека ќе навлезе во порите, не сум фармацевт ама нели по логика на нештата :D

    Друго што можеш да пробаш е да внесуваш повеќе течности, вода поточно и да спортуваш или да воведеш некоја активност која добро ќе те испоти. Исфрлањето на токсините преку потење е најдобар лек за мазна кожа.
     
    На srnicka7 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. srnicka7

    srnicka7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Баш ќе побарам и тоа кога ќе одам, се надевам ќе налетам на нешто такво :party:;)
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Еднаш во неделата не е доволно,треба да ја хидратираш кожата секој ден. Ти требагел за миење на лице,некој тоник и крема. Би било убаво и серум со витамин ц.
     
    На Maryland1087 и srnicka7 им се допаѓа ова.
  12. Maryland1087

    Maryland1087 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.985
    Пол:
    Женски
    Користев мицеларна вода на природна база од ружи/рози и почна да ми се суши кожата. Откако прекинав се стабилизира малку. Сега користам само безалкохолен тоник на јанг дерм, крема на природна база од авокадо и витамин Ц серум.
    + гел за миење како scrub со Ц витамин, кој не знам дали се користи секој ден?

    кожата сеуште се нема вратено доволно во нормала. Дали да вклучам млечен лосион за чистење на лице за подобра хидратација и гел без scrub?
     
    На srnicka7 и Cecko85 им се допаѓа ова.
  13. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    1.122
    Пол:
    Женски
    За сува кожа, од козметика ви препорачувам само сапун што добро ја хидрира кожата.
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Maryland1087

    Maryland1087 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.985
    Пол:
    Женски
    Предлог, бренд? :?:
     
  15. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    1.122
    Пол:
    Женски
    Јас имав сува кожа, од првото миење со сапунот Lahor кожата многу похридрирана ми стана. :)
     
    На Maryland1087 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.578
    Допаѓања:
    201.785
    Пол:
    Женски
    За хидратација, хијалуронската киселина ми е незаменлива. Има еден куп серуми, ако сакаш хемија, може да го земеш суперхидраторот на Хада Лабо, ако сакаш нешто поприродно, серумите на Тру Алхеми или Новексперт од Белина. Со тоа што вториот е нешто поскап, на Тру Алхеми се со попристапна цена.
    Препорачувам тоа што имам пробано, од сите производи што ги спомнав сум задоволна. Важно е да се нанесува на полувлажна кожа, и обавезно крем одозгора, дали спф, дали обичен.

    Сапуните ја сушат, не ја хидратираат кожата.

    Edit: еве линкови до производите
    https://www.bellina.mk/p/684/actives-serum-so-khialuronska-kiselina-13-30-ml

    https://www.bellina.mk/p/827/hyalur...za-litse-so-480mg-khialuronska-kiselina-30-ml

    И овој е добар
    https://www.bellina.mk/p/779/hydro-sensation-khidratanten-serum-za-site-tipovi-na-kozha-30-ml

    Еве како изгледа супер хидраторот на Хада Лабо
    [​IMG]
     
    Последна измена: 11 јуни 2022
    На NarCis@ и Maryland1087 им се допаѓа ова.
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.216
    Допаѓања:
    181.465
    Пол:
    Женски
    @Maryland1087 за сува кожа ти ја препорачувам мицеларната пена на Оливал. Убаво ја чисти кожата, а не ја пресушува. И како што ти кажала Анат, хијалуронска киселина наутро, а можеш и навечер пред кремата што ја користиш. Јас во зима имам сува кожа и скваленот на Ревокс почнав да го користам како последен чекор после кремата, и ми ја врати кожата во нормала.
     
    На Maryland1087 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Maryland1087

    Maryland1087 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.985
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам, гледав млечни пени и лосиони со Q10. Од која возраст е добро да се употребува. Имам 23, не знам дали е во ред.
     
  19. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.216
    Допаѓања:
    181.465
    Пол:
    Женски
    За што поточно ти треба? Се шминкаш?
     
  20. Maryland1087

    Maryland1087 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.985
    Пол:
    Женски
    Не не се шминкам никогаш... може на 3 дена еднаш само коректор да ставам под очи и higlighter друга шминка не користам. Гледав млечни лосиони, но едниот има Q10, не знам на која возраст почнува да се користи таа козметика.

    Сега читав, најдобро е Q10 да се користи после 30тите. Така да ќе побарам некои од овие што ми ги препорачавте. Немаат Q10 така?