Колку ги сакате сувенирите и разгледниците? Дали сте од оние типови на луѓе кои при секое свое патување сеедно дал годишен летен одмор или патување во некој град купуваат сувенири. Сувенирите ги купувате за вас, за да ја красат вашата соба и да ве потсетуваат на убавите спомени од тоа патување. Или пак купувате сувенири за подарок на вашите најблиски? И кои се тоа родители, сестра/брат, другарки, колешки... кои? И дали ги сакате разгледниците, дали ги купувате за себе, ги подарувате в лице или пак ги испраќате? Или не сакате разгледници едноставно, слика на хартија од градот а веќе имате многу слики и тоа лично направени од градот. Може па некој од тука е колекционер на разгледници, м? Или пак вие сте од луѓето кои ретко купуваат сувенири и разгледници и парите си ги трошат на други работи од јадење, шопинг, излегувања и не им значат сувенирите ма баш ич. А како подарок подобро ќе купат да речеме блуза, ташна, чевли на своите блиски ... него сувенир.
Преголемо задоволство ми претставува самиот чин на купување и подарување што значи обожавам да купувам сувенири и до сега секаде каде што сум била или поминувала сум земала по нешто како спомен за мене и за најблиските. Сакам кога купувам такви ситнурии и очињата ми светкаат ко на мало дете кога влегувам во таквите продавници и трошам многу пари на ситни задоволства. Разгледници имам само неколку и решив да си собирам и купувам и понатаму па се надевам ќе прерасне тоа во некоја гоооолема колекција (со други зборови да се изнашетам ).
Од секоја земја каде до сега сме патувале или јас или маж ми, задолжително си купуваме сувенирчиња. Може друго ништо да не купиме, но сувенирче задолжително. Ги купуваме оние малите кои претставуваат главно обележје на земјата или градот, а имаме и од оние мали чашички со знаменца (тие се и најевтини). Сите си ги редам внимателно во застаклениот дел од витрината, и што е најважно будат прекрасни спомени. Ах, патувања...
Најубавиот дел од одморот/патувањето, кога треба да купувам поклони. Секогаш тоа се сувенири, со нешто што е значително за местото каде што сум била. Блузи, ташни можат да се купат секогаш и сегде, меѓутоа сувенирот е тој што останува како спомен. Разгледници си купувам лично себе, а сите знаат дека омилен поклон ми се магнетите. Ги лепам на фрижидер, имам околу 10тина и сите се поклончиња од различни места. Обично кога купувам за себе, си бирам некое мало сувенирче, затоа што ги имам премногу, и ми зафаќаат простор, па кога ќе ги погледнам секогаш ми будат сеќавања за патувањето.
Не сум нити по сувенирите нити по разгледниците! Одамна исфрлив од мојата соба се што беше сувенир и остана само плишени мечиња и по некоја рамка! Едноставно немам мерак да ги купувам кога сум некаде на одмор, и кога би требало да купувам подарок за некој друг тогаш одбирам нешто што ќе си го користи (паричник, некоја ташна, на малите внучиња купувам играчки и тоа) Во продавниците со сувенири не ни влегувам, не знам од кај таа толкава одбивност кон тие сувенири кои би ми биле спомен...ама ете упорно ги нејќам ! Од секој одмор си купувам приврзок кој си го ставам на клучот и тоа ми е споменот од летувањето ! Кога вака подобро ќе размислав ваљда подобар спомен би бил некој сувенир што ќе асоцира на местотот каде сум била но јас упорно приврзоци си купувам !
Немам многу шетано, ама од сегде кај што сум била задолжително си купував разгледници и сувенири кои се симбол на местото кај што сум била. Во средно на екскурзија кога бев им купив на сите блиски и драги личности сувенири и разгледници, друга прилика не сум имала. Не сум јас баш некој колекционер но повеќе се радувам ако некој ми подари разгледница или сувенир со некои знаменитости од некое место, отколку некој друг подарок.
Ги купувам, ама за друг. Обично за некои пријатели или роднини земам по некое сувенирче и го давам како подарок. За мене лично да ми стојат како украс или детал по дома, НЕ. Тоа ме нервира. Обично ми останува по некоја разгледница или некој сувенир ама ги чувам во фиока па обично кога средувам фиоки будам спомени
Чуството кога ке погледнеш во еден мал предмет а тоа мало нешто буквално ти го разубавуваа моментот па дури и денот.Незаменливо е тоа чуство. Сувенирите се само ситници кои ме потсекаат на убаво поминато време, ситници од кои ми навираат спомени. Имам многу сувенири дома и сите ми се наредени во дневната каде што ги гледам секој ден.Повекето ми се подарени од многу блиски личности.Сите се од различни држави и сите ми се посебно убави и драги.Штета што пред некоја недела благодарение на мајка ми го изгубив најубавиот сувенир.Имав мала маска од Виена, подарок од еден другар.Додека мајка ми бришеше прашина и падна и се скрши пред мои очи.Јас си знам колку мака ми беше.Здравје ако догодина не носат во Виена на екскурзија мора да купам иста таква маска. Инаку разгледници немам и не сум нивен обожавател од причина што лесно се губат. Ке ја ставиш некаде и ајде потоа најди ја ако можеш.Барем за мене не се разгледници
Со сестра ми практикуваме да купуваме магнети за на фрижидер од секој град каде што ќе одиме. И имаме направено прилично богата колекција на фрижидерот Сите се во различни форми, бои, со најразлични знаменитости на градовите и стварно се интересни. Освен магнети, купувам и други сувенири како на пример шолји, украсни чинии, моливчиња и слично. Ми носат убави спомени од патувањата и секогаш си ги ставам на видик. Кога бев во Виена си купив чоколадни бомбони Моцарт, па после тоа сестра ми кога беше купи други чоколади од тој бренд. И од толку што ни беа убави и ни беше жал да ги фрлиме, ги сочувавме опаковките, внатре ставивме морска пена и сега ни стојат на полица како украс Спојлер
Eднаш поставив прашање, добив одговор, но ајде пак ќе си прашам можеби некој знае. Имаше порано се продаваа слики внатре песок и кога ја вртиш наопаку сликата песокот паѓа надолу и се формира пак слика. Дали можеби некој знае каде има вакви и дали воопшто можат да се најдат во Македонија? Баш се интересни за поклон.
Цел подрум дома ми е со сувенири Нема место веќе од што имам купувано се и сешто. Сега можам комотно да си отворам продавница за сувенири. Кај и да одам, било во Македонија или надвор од неа, купувам сувенири за дома и најблиските. Разгледници многу ретко зошто ги губам. Обавезно тргам на страна некој денар кога сум на одмор или викенд за по некое сувенирче. Кај нас најмногу имам купувано украси рачно изработени од дрво (резба). Фаворит ми се и сувенирите од керамика направена во етно стил. А од надвор посебно ги сакам магнетчињата за на фрижидер па ги купувам секогаш. Многу се радувам кога и мене ќе ми поклонат сувенирче. Имам доста поклончиња.
Имам парче од Берлин, и тоа не било кое туку дел од Берлинскиот зид, симбол на еден апсурден период од историјата. Колку ми е драг, толку малку и сум изнервирана што сувенирите се навистина скапи. Најмалото парче од берлинскоит зид вметнато во пластична подлога чини 5 евра. А за поголемите да не зборам...
^ точно толку се скапи некои сувенири да мислиш позлатени дека се Jaс купувам сувенири и најчесто за мојот дом, дал за во мојата соба, дал на сестра ми ќе и го подарам, дал во дневна сеедно. Искрено не купувам сувенири за други од моите патувања, си купувам за себе. И онака имам 8 први братучеди со кои сум блиска ако земам за сите да купам, за другарки, за моите, за дечкото и јас треба милионер да сум. Си имаме кажано дека не мора да си подаруваме, освен нарачки секако кои некогаш може да бидат и подарок секако. Дечко ми па ете не е љубител на сивенири и тој си има блуза од секој мој посетен град Хмм омилени сувенири ми се наланите дрвени од Амстердам, морнарско ѕвонче од макарска ривиера, неколкуте сувенири поточно јастучиња рамки и мечиња од Дизниленд, сега не знам дал се сувенири ама од сите посетени стадиони фудбалски имам дал топки, дал дресови, дал привезоци. А многу сакам магнети за фрижидер кои мајка ми ги мрази ќе и го оштетеле и изгребеле фрижидерот. Затоа еден ден кога ќе имам своја кујна цел фрижидер ќе си го излепам Додека разгледници не сакам. Ич не ми значат. Освен ако некој ми прати разгледница од некое место преку пошта тогаш супер тоа е интересно. Не купувам разгледници воопшто. Имам неколку дома добиено разгледници од патувања и стојат во некоја фиока. Фотографија на тврда корица, нц моите фотографии се поубави. Убаво е и ете фустан да си купиш и тоа на попуст од некоја европска земја. Ама уште поубаво е кога ќе си седиш во соба ќе здогледаш некој сувенир и ќе ти се вратат спомените од тоа патување и се насмевнуваш
Имав среќа многу да патувам во последните 3 години, и од секаде почнав да купувам разгледници, магнети и маица за брат ми. И така, денес дома имаме преку 100 разгледници, (несвесно станав колекционер ) многу од кои ни се добиени по пошта од друштво распространето по светот и во план ми е да ги закачам на еден ѕид, цел да го покријам со разгледници. Ме потсетуваат на убави работи и моменти, затоа и секогаш кога одам некаде, купувам повеќе и ако сум подолго врмее во некое место ги праќам по пошта, без да кажам, па да видите како се радуваат сите кога ќе ги добијат. Јас не ги сакам многу магнетите, ама брат ми ги обожава и сега имаме мала колекција од околу 20 магнети,што се надевам ќе се зголеми. Убав спомен се сувенирите !
За жал немам ваква навика.Дали имам се на се 2-3 разгледници и уште толку сувенири. Сфатив колку убав спомен се кога пред некој ден со сестра ми ги разгледувавме нејзините.Додуше, она како постара, а и вработена е и многу повеќе прошетана од мене, да не речам пола Европа и има разгледници буквално од секое место каде што била.Кога ги гледаш така на купче, па и потпишани со дата е навистина убаво чувство.
Од секаде собирам разгледници и сувенири, и имам полица каде што ги редам сите. И уште една убава работа што ми текна, земав карта на светот, и повлекувам линии каде се сум била, а со молив каде се треба да одам-ширам оптимизам за да отидам (не ми е сеуште закачена на ѕид,но наскоро ќе биде) Еве вака тоа изгледа (нормално овде не се гледа убаво,затоа и не се ствени сите дестинации,но сепак во живо има голем простор за повлекување на линии на картата)
Јас собирам разгледници од секаде кај што одам и ми купува некој кога патува негде многу се нервирам кога ќе заборават мама и тато 100 пати отидоа во Турција и една работа многу што ми е криво што ги фрлив сите прекрасни разгледници од Италија од мојот бивши дечко(сега таму живее) смотана!
Љубител сум, голем и купувам. Најмногу имам до турата Шпанија-Италија-Франција(и Монако) Мислам дека тогаш се истурвме пари давајќи на сувенири, со мајка ми. Она е поекономична од мене за вакви работи, ама сепак не се пропушташе гондола од Венеција, Бик и лепеза од Шпанија, разгледници од секаде. Ама како што сум купила сувенири од Египет од никаде на друго место. Дали дека беа значајно поевитни него од Италија, каде за едно мало гондоче плативме по 8 евра Овде се беше како по наши, 150-200. Абе папирусу, песочни часовници, држачи за цедиња со ликот на фарони, мали бисти со сите фараони, пирамиди, свинги, камили, што се не. Мислам дека цел Египет го купувме тогаш. Со пријателите неможевме до дома да се однесеме. Они пак се изнакупуваа многу ефитно злато, абе како цигани Јас немам навика, но моја другарка редовно зема песок во канче, ќеса каде и да оди на одмор. Кога бевме на Закинтос, од тие најубавите плажи мкнеше песок по бродови, мотори, автробусу. Тоа и е бесплатен сувенир Сега на апсолвнетска планирам да тргнам барем 50тина евра само за сувенири. Со оглед дека Амстердам ми е еден од одмилените градови, и ако одиме(дај боже ) има се да изнакупам Сувенирите и илјадниците слики ми се единствен материјален спомен за долготрајно сеќавање. Така си ги потикнувам сеќавањата и не ми избледува меморијата, еве и сега пишувајќи се присетив
Сакам повеќе сувенири, отколку разгледници, знам да си присобирам мерак имам многу шо ми се чинит ќе ги ограбам мислам било каде, некако посебно значење имаат за мене особено дека сакам да патувам.Сакам да подарувам и да ми подаруваат немат проблемас, зш да не Повеќе би сакала за такви работи да си потрошам пари, отколку за накит и слично, оти за накит секаде имат, вака сувенирче немат секаде
Јас сум собирач на сувенири. Разгледници не љубам многу, иако се наоѓа некоја. Нема несто кај што сум била, а не сум купила сувенир. Како за мене, така и за мои драги луѓе. Имам многу и што ми се подарени, од брат ми, другари, роднини. Кој и да оди некаде знае дека треба да донесе сувенирче за мојата колекција. Во дневна си имам едно сувенирско катче, каде ама баш сите сувенири си имаат свое место. Распоредени се по континенти и држави Оние што се со магнети не ги сакам многу, ама сепак и такви имам и ми го красат фрижидерот. Немам омилен, сите имаат своја приказна и подеднакво ми значат.